БФМ реши да ги забрани боксерските мечеви меѓу децата

Првите луѓе на Боксеркста федерација решија да ги прекинат боксерските борби кај децата. Реакцијата следи откако Алсат М телевизија ја објави веста за натпревари на кои учествуваат деца помали од 13 години.

„Боксерската Федерација на Македонија донесе одлука – децата до 13 години да немаат право на борба. Ова им го соопштивме на клубовите. Не можеме да ги спречиме клубовите да одржуваат спаринг меѓу децата. Во иднина ако не се почитува одлуката, ќе следуваат санкции“. – изјави Фатон Салиу- потпретседател на БФМ

Експертите кои Алсат ги контактираше порачаа дека децата треба да се поштедат од удари зашто се штетни на толку млада возраст.

„Сите спортови предизвикуваат повреди, а кога има удари во главата на возраст кога се формира целиот нервно-мускулен систем, тогаш последиците се уште поголеми“. – вели Беџет Точи- универзитетски професор

Според спортските експерти, секој удар во пределот на главата оштетува по илјада клетки кои не можат да се регенерираат.

Сафет Адеми

Напишете коментар