Кула која го вовлекува загадениот воздух, го прочистува и испушта свеж и чист воздух во околината

Share Button

ВО СОВРЕМЕНИТЕ ГРАДОВИ, ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ЧЕСТОПАТИ ГО ДОСТИГНУВА НИВОТО КОЕ Е ОПАСНО ПО ЗДРАВЈЕТО. ВО НЕКОИ МЕТРОПОЛИ, КАКО ПЕКИНГ,  КОЛИЧИНИТЕ НА СМОГ СЕ ТОЛКУ ГОЛЕМИ ШТО ТОЈ Е ВИДЛИВ СО ГОЛО ОКО

Кула која го чисти смогот

Во други урбани средини, загадувањето на воздухот и неговите последици не можат да се видат, но многу се чувствуваат, бидејќи тие драстично го намалуваат квалитетот на животот.

Да би придонеле во борбата за почист градски воздухот, студио „Roosegaarde“ ја создаде “најголемата правосмукалка на смог во светот”, која е поставена во Ротердам. Тоа е кула која го вовлекува загадениот воздух, го прочистува и испушта свеж и чист воздух во околината.

Кулата „The Smog Free Tower“ висока е 7 метри, дизајнирана со цел во град загушен со смог да создаде џеб свеж воздух, опкружување во кое луѓето повторно ќе можат да дишат со полни гради. Идејата за проектот е со текот на времето на овој начин да исчистат цел загадени урбани региони.

Кула го вшмукува смогот, ги отстранува ситните загадени честички и го ослободува прочистениот воздух преку вентили распоредени на шест страни.

Патентираната технологија работи според концептот сличен на системите за прочистување воздух кој се користат во болниците. За еден час, кулата може да прочисти дури 30.000 кубни метри воздух, при тоа не трошејќи струја повеќе од просечниот бојлер.
Собрани честички смог се рециклираат, и од нив се прави – накит. Имено, правот отстранет од 1000 кубни метри воздух се компресира во коцка и запечатува во структура која е изработена од смола. Коцката потоа се користи како декоративен детал на прстени или манжетни. Од смогот кој кулата го собира во еден ден можат да се направат 3.500 орнаменти.

Улогата на оваа кула е многу повеќе од само обичен прочистувач на воздух. Нејзина цел е да придонесе да се развие свеста за (не) видливиот непријател кој загрозува животи кај што поголем број луѓе, за тие активно да се вклучат во борбата против него.

уредник

Related Posts

Добиле откази поради бизарна лага: Полицајци тврдат дека глувци ја изеле марихуаната од депото

Коментарите се исклучени на Добиле откази поради бизарна лага: Полицајци тврдат дека глувци ја изеле марихуаната од депото

А да одлучевте дали “истура” или врни а не “истура” дожд во Битола ?!:)

Коментарите се исклучени на А да одлучевте дали “истура” или врни а не “истура” дожд во Битола ?!:)

Create Account



Log In Your Account