СКАНДАЛ (ФАКСИМИЛИ) ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА НАБАВУВАЛА ОД ЕВРО -ТИМ СКОПЈЕ АПАРТИ ПО 10 ПАТИ ПОВИСОКА ЦЕНА.ДЕЛ1-ВИ

Македонскиот здравстен систем секако дека изминативе 11 години беше Мека за збогатување на дел од новосоздадената македонска олигархија. Додека по чекалните умираше народ,чекајки ампуларна терапија, други умираа пред да дојдат на термин за снимање на милионски набавените медициснки апарати, деца умираа за операција од 20.000 евра ,како што беше примерот со малата Тамара, до тогаш олигархијата на ВМРО ДПМНЕ профитирала буквално од све и сешто.

Дека се набавувале непотребни нешта , или се набавувале апарати и по 20 пати повисоки цени од реалните на пазарот со медицинска опрема ,кој патем апарати немаат никаква оправдана потерба во здравствените установи,а се набавувале по принципот;„Некој наредил од одозгора, од влада“?Истражувајќи ги сите аномалии околу набавките во Македоснкото здравство,редакцијата ОхридСкај,открива:

ДОСИЕ ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД – ЕВРО -ТИМ СКОПЈЕ

На ден 26-03-2013 година Трговското друштво за промет,услуги и консалтинг „ ЕВРО – ТИМ“ ДООЕЛ-Скопје, со испратница -фактура бр.103-13 на ЈЗУ Општа Болница Охрид  испорачале две (2) машини за миење и дезинфекција на иструменти, Тип Gentige , Модел. WD 14 TABLO ,за што  фактурирале износ со вклучен ДДВ во висина од 703.394,46 денари (Факсимил Бр 1). Според првичните договори како што дознава редакцијата ОхридСкај, помеѓу „ ЕВРО – ТИМ“ ДООЕЛ-Скопје и ЈЗУ „Општа Болница“-Охрид, „ ЕВРО – ТИМ“ ДООЕЛ-Скопје испорачува три вакви апарати , но од страна на вработена во ЈЗУ„Општа болница“ Охрид, истата од како увидела дека  машината за миење и дезинфекција на иструменти, Тип Gentige , Модел. WD 14 TABLO,не ги исполнува условите за операционен блок ,и дека е премногу мала и дека истата има намена за мали стоматолошки ординации, не потпишува прием ,па така наместо 3 машини „ ЕВРО – ТИМ“ ДООЕЛ-Скопје фактурира две ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НАohridsky.com

s-l1600

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account