Го “режирал“ сопственото грабнување бидејќи имал финансиски проблеми

Share Button

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со пријавеното грабнување на 52 годишниот А.А. од село Жеровјане, тетовско.

Имено, како што претходно беше информирана јавноста, најпрво завчера (08.11.) во 15,00 часот во Полициска станица Жеровјане беше пријавено “исчезнувањето“ на А.А. По ова, на телефонот на зетот на А.А., Н.Б. (33) од село Боговиње, тетовско, му пристигнале СМС пораки дека “исчезнатиот“ со неговото возило всушност бил задржан од непознати лица, и дека наводно ќе бил пуштен откако ќе се даде одредена сума на пари. Веднаш потоа Н.Б. вчера (09.11.) околу 18,00 часот, во Полициската станица Тетово го пријавил случајот како грабнување.

Од страна Секторот за внатрешни работи Тетово, по примената пријава, беа превземени повеќе конкретни мерки и активности и денеска А.А. беше пронајден во Гостивар, по што беше повикан во Полициската станица Тетово.
Во разговорот со него утврдено е дека тој целосно го измислил случајот со грабнувањето заради тоа што бил соочен со повеќе финансиски проблеми. По комплетното расветлување на сите поединости, а во консултација и координација со јавен обвинител, СВР Тетово против А.А. ќе поднесе соодветна пријава.

извадок од дневен билтен на МВР

уредник

Related Posts

Сообраќајка на магистралниот пат Штип-Кочани, едно лице го загуби животот

Коментарите се исклучени на Сообраќајка на магистралниот пат Штип-Кочани, едно лице го загуби животот

Над 500 000 евра за патарини и бензин, пратениците играат „ново оро на стара песна“

Коментарите се исклучени на Над 500 000 евра за патарини и бензин, пратениците играат „ново оро на стара песна“

Истрели од огнено оружје во Чаир, полицијата е веќе таму на увид

Коментарите се исклучени на Истрели од огнено оружје во Чаир, полицијата е веќе таму на увид

РЕСЕНЧАНКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ВОДИТЕ НА ЛЕВА РЕКА

Коментарите се исклучени на РЕСЕНЧАНКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ВОДИТЕ НА ЛЕВА РЕКА

Create Account



Log In Your Account