ОК ВМРО ДПМНЕ-БИТОЛА:Лицемерието и Манипулацијата на СДСМ со граѓаните продолжува

Лицемерието и Манипулацијата на СДСМ со граѓаните продолжува, деновиве Битола ја преплавуваат докази за планот таа да стане бегалски камп. Започнаа првите чекори за подготвување на Битола за новите граѓани-мигранти
Прво кажаа на говорница во Собранието на РМ дека ќе има Камп за мигранти на Меџитлија, за после тоа кажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ги лаже и заплашува граѓаните. Следна фаза беше гласањето за распишување на референдум на кој граѓаните на Битола би се изјасниле дали се За или Против бегалски кампови во Битола, на седницата на Советот на Општина Битола на која се расправаше за ова прашање дојде дури и министерката Мила Царовска, да каже дека никој не треба да се плаши и дека се е лага на ВМРО ДПМНЕ.
На крај толку ја игнорираа волјата на битолчани и без никаква причина и образложение, референдумог го забранија во манир на големи демократи.
Битолчани вчера беа изненадени од поставените билборди кои според она што пишува на нив, психолошки ги подготвуваат граѓаните на Битола за доаѓањето на нивните идни нови сограѓани. Граѓаните се изненадени од овој потег со оглед на тоа што СДСМ, ветуваше дека нема да има мигрантски кампови во Битола
Добро би било да дадат одговор за она што се случува со Битола и да кажат кој лажел и за што ги лажел граѓаните!!!
Изјави :Степановски Горан
Советник во Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ
Битола

Напишете коментар