Бројот на туристите во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, е зголемен за 23.9% во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2017 година изнесува 104 120, а бројот на ноќевањата изнесува 242 719.
Бројот на туристите во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, е зголемен за 23.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23.1%.

Резултат со слика за туристи во македонија

 

 

Бројот на домашните туристи во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 29.1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, е зголемен за 23.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22.8%.
Во периодот јануари-септември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.9%, а кај странските има зголемување за 23.7%.

Во периодот јануари-септември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските има зголемување за 22.6%.- соопштува Државниот завод за статистика

Напишете коментар