МВР: Пронајдени 10 мигранти во Форд Мондео

Share Button

На 10.11.2017 година во 20,00 часот од страна на патрола од униформирани полициски службеници од Полициската станица за гранично преминување и граничен надзор “Богородица“ и униформирани полициски службеници од Република Хрватска на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на бензинската  пумпа од правец кон с.Удово биле забележани две сомнителни патнички моторни возила,  „Опел Вектра“ со штипски регистарски ознаки и „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки.

ubkmvr

Патролата им дала светлосен и звучен знак на возилата да застанат, но истите со зголемена брзина се упатиле по регионалниот пат кон Струмица. На раскрсницата кај с.Раборци го промениле правецот на движење по што се упатиле кон с.Попчево. Во 20,45 часот на шумскиот пат во близина на браната во с.Водоча, возачот  на “Форд Мондео-то“ излегол од возилото додека истото било во движење и се качил во Опелот, кој бил во близина, и со голема брзина се упатиле кон с. Водоча-Струмица. При претресот на возилото Форд Мондео пронајдени се 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле во непосредната околина. Тие се однесени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка, информираат од МВР.

уредник

Related Posts

Битола:Хигиеничар истепал 14 годишник во училиште

Коментарите се исклучени на Битола:Хигиеничар истепал 14 годишник во училиште

КОЛЕВ ДО ШЕКЕРИНСКА: ДОСТА НИ Е ОД КРЛЕЖИ ОД МИНАТОТО!

Коментарите се исклучени на КОЛЕВ ДО ШЕКЕРИНСКА: ДОСТА НИ Е ОД КРЛЕЖИ ОД МИНАТОТО!

Информација за состојбата во Охридско-струшкиот регион

Коментарите се исклучени на Информација за состојбата во Охридско-струшкиот регион

Со тешки повреди во болница донесено младо момче од Куманово

Коментарите се исклучени на Со тешки повреди во болница донесено младо момче од Куманово

Соопштение на ЦИВИЛ:ТВРДОКОРНИТЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА И ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ

Коментарите се исклучени на Соопштение на ЦИВИЛ:ТВРДОКОРНИТЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА И ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ

Create Account



Log In Your Account