Од 15 Ноември задолжитлно носење на зимска опрема

Share Button

Среда, 15 ноември 2017 година, почнува да важи обврската за задолжително поседување  зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување за законските одредби кои треба да ги  почитуваат возачите за управување со возило  во зимски услови.

Користењето  и носењето зимска опрема во возилата  е  пропишано во член 361 од  Законот за безбедност на  сообраќајот на патиштата  согласно кој   моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска   опрема. На секој возач кој постапува спротивно на одредбите од овој член од законот  ќе му  биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Според истиот член од ЗБСП, полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави  зимската опрема на возилото.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира  до возачите,  да направат зимска проверка и подготовка на своето возило,  навремено да ја обезбедат потребната зимска опрема   и истата  секогаш да ја носат во своето возило  и  правилно да  ја користат,   бидејки  само на тој начин, ќе се овозможат услови за безбедно управување со  возилото во зимски услови   и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

уредник

Related Posts

Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Коментарите се исклучени на Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

ГДУ БИТОЛА: БУКЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА ,ЗАСАДЕН ВО ДУПКА НА УЛИЦА

Коментарите се исклучени на ГДУ БИТОЛА: БУКЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА ,ЗАСАДЕН ВО ДУПКА НА УЛИЦА

Се огласи министерство за култура, демантира дека вечерва ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“

Коментарите се исклучени на Се огласи министерство за култура, демантира дека вечерва ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“

СДСМ предизборно вети но не исполни

Коментарите се исклучени на СДСМ предизборно вети но не исполни

И вечерва протест пред Собрание,најавија пријави за оние кои што како што рекоа направиле современ геноцид

Коментарите се исклучени на И вечерва протест пред Собрание,најавија пријави за оние кои што како што рекоа направиле современ геноцид

Црквата и православните верници утре го одбележуваат празникот Задушница

Коментарите се исклучени на Црквата и православните верници утре го одбележуваат празникот Задушница

Create Account



Log In Your Account