НАЈНОВО :

ШЕГОВИТ СТАРЕЧНИК – 2

Share Button

Еден епископ од Александрија, кој навикнал на удобен живот, преноќил во сиромашен пустински манaстир. Пред да легне на постелата, здогледал три болви на подот. Монахот му вели:
-Не грижете се, преосветен, болвите се мртви.

Фотографија на МАНАСТИР СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ.
Наутро, владиката, сиот испокасан, вели:
-Навистина, братијо, трите болви беа мртви, но ноќеска цела толпа од болви се собра на нивниот погреб.

Старче, зошто бракот се нарекува свет?
-Затоа што во него има многу маченици!

Се оправдува млад монах: – Оче, сега сите така работат!
Аввата рекол:
-Тоа што сите така работат не е добродетел, туку масовен порок!

Некој авва рекол:
-Грдотијата е подобра од убавината затоа што не е минлива.

Дошла некоја жена на разговор кај аввата. Монахот како да сака да ја „откачи“:
-Аввата е зафатен, и нема да има време да разговара со тебе!
-Ма, нема проблем, јас нема ни да му дадам да проговори!

Вреден монах му вели на мрзливиот:
-Брате, трудољубивоста е сласт на животот!
-Но, брате, сите не сакаат слатко!

Млад монах му пишува на семејството:
-Најдов, тука во пустината, идеално место за оние кои сакаат самотија. Тука ги има на илјадници.

Млад монах копал некоја дупка.
-Што правиш, брате? – го прашал некој искусен подвижник.
-Си копам себеси гроб, за да се сеќавам на смртта.
-Е, одлично! Тогаш веднаш почни да копаш и некое каналче за одвод.
-А зошто?
-Па, кога ќе ти потече миро од моштите, да имаме од каде да зафатиме.

МАНАСТИР СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

уредник

Related Posts

Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

Коментарите се исклучени на Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

Create Account



Log In Your Account