Во сообраќајка повредени 30 ученици од Демир Хисар

Share Button

Триесетина ученици се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово, околу 7.30 часот, на патниот правец Демир Хисар-Кичево. Несреќата се случила кога автобусот во кој се превезувале 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар се судрил со комбе.

-Утринава се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека при несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле учениците.

-На истите им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола. Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.

уредник

Related Posts

Ослободени се обвинетите за убиените полицајци во Арачиново во 2000 година

Коментарите се исклучени на Ослободени се обвинетите за убиените полицајци во Арачиново во 2000 година

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СТРУМИЦА – ШТИП, ВО СУДИРОТ УЧЕСТВУВАЛ И „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ СО БИТОЛСКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ

Коментарите се исклучени на СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СТРУМИЦА – ШТИП, ВО СУДИРОТ УЧЕСТВУВАЛ И „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ СО БИТОЛСКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ

Create Account



Log In Your Account