Крвава тепачка во Кичево

Полицијата во Кичево поднесе кривични пријави против шест лица, жители на градот поради учество во тепачка.

Кривични пријави се поднесени против С.Б. (43), А.П. (48), А.М. (31), Р.В.(50), А.Б. (24) и М.А. (26).

На 29 октомври во близина на бензиска пумпа кај кичевското село Трапчин Дол настанала расправија помеѓу првопријавениот С.Б. и второпријавениот А.П. кој претходната ноќ скршил апарат за игри на среќа во казино ,,Аладин“ во Кичево.

Притоа С.Б. кој бил сопственик на агенција што го обезбедувала казиното, физички го нападнал А.П. удирајќи го со тупаници по целото тело. По кратко време, во тепачката се вклучиле и останатите пријавени, вработени во агенција за обезбедување кои со раце и нозе удирале по А.П.

Понатамошниот тек на тепачката е прекинат од полициски службеници по што А.П. е пренесен во Општата болница, каде, се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите тешко повредениот е префрлен во Клиничкиот центар во Битола, изјави портпаролот на СВР-Охрид Стеван Димоски.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account