Марина мајката на малата Валерија: Ви Благодариме МАКЕДОНИЈО, парите собрани Телеком и Вип/Оне за 24 часа го наполнија потребниот лимит

Share Button

За само 24 часа од објавување на телефонските броеви за Донација на малата Викторија Зафировска од Штип, најпрвин Хуманите граѓани кои излегоа во пресрет на фамилијата Зафировски па и Мобилните оператори Телеком и Вип/Оне

Марина мајката на малата Валерија: Ви Благодариме МАКЕДОНИЈО, парите собрани Телеком и Вип/Оне за 24 часа го наполнија потребниот лимит, ФЗОМ со првостепена во Петок!

Денес бевме на лична средба со директорот на фондот за здравствено осигурување г-дин Ден Дончев кој не пречека со раширени раце и истакна дека се што е во негова надлежност и институцијата која ја раководи во Петок ќе го имаат одговорот од првостепената комисија при Фондот за Здравство. Ја предадовме целата документација, преведена на Македонски јазик и според она што го слушнавме и видовме се надеваме на одличен епилог. Во меѓувреме се јавија и од двата Мобилни оператори од каде што не известија дека лимитите се постигнати и дека средствата се расположливи. Благодарност до сите Хумани граѓани, Благодарност до сите компании и поеднци, до нашиот Штип и нашата Република Македонија од каде што сфативме дека во Македонија навистина живее народ со ГОЛЕМО СРЦЕ, од Нас како Фамилија Зафировски ќе кажеме само едно БЛАГОДАРИМЕ МАКЕДОНИЈО!
Во текот на денот или утре ќе се слушнеме и со Турската „Аџибадем“ за да до Среда бидеме во Турција и да започне припремата за операција на нашето сонце Валерија, изјави за ИнфоЦентар, мајката на малата Валерија Марина Зафировска. која на крај истакна што и да остане (ако остане) од сите собрани парични средства, Нашата Фамилија ќе ги донира парите на друго дете на кое мју е потребна помош.

Напишете коментар