Црквата „Свети Ѓорѓија“ една од најстарите цркви во Европа

Минатата година ова верско светилиште одбележа 180 години од обновата, односно денешната црква е обновена во 1835 година. Внатре има икони, црковни и литургиски предмети, кои датираат од различни хронолошки периоди. Има голем дел на поствизантиски икони, односно период на османлиската управа од 16 и 17 век кога во историски извори повторно има потврда за постоење на оваа црква. Тогаш имало скрипторски центар, каде се препишувале стари книги во кои има потпишани имиња на познати скриптографи, кои работеле во црквата. Доминираат икони од доцниот среден век и од времето на преродбата, како и од последната обнова во 1835 година.

Струга фреска

Архитектонски карактеристики

При последната обнова направен е импозантен објект, не само по својата надоврешна монументалност, туку и со својот внатрешен простор, бидејќи ова е целосно осмислен и вклопен простор по старите средноврековни концепции на христијанските храмови. Надворешно делува како една базилика, но внатре е расчленета на неколку кораби со куполи или т.н. калоти бидејќи тогаш турските власти не давале куполи со изграден тамбор, па внатре се правеле такви конструкции каде што има калоти кои ги имаат истите функции на куполата со профилиран тамбур. Тоа се впечатливи архитектонски карактеристики и црквата ја чинат една од помонументалните и поубавите од времето на нашата преродба.

Иконите се сликани 1840-1850 година од група пелагониски зографи, кои биле присутни до средината на 19 век. Монументалниот иконостас има ред на престолни икони, икони со апостоли и резба. Резбата е посебен елемент кој му дава посебна вредност на олтарниот и предолтарниот простор. Сликањето на внатрешните фрески се одвива 1873/74 година. Благодарение на сочуваниот ктиторски натпис го знаеме и точниот ден кога се завршени сите работи внатре на фрескоживописот, а тоа е 11 април 1874 година.

Средишно место на стружани низ вековите

Од целата пишана историја за Струга што историчарите ја следат преку архивски извори и бројната документација се добива јасна слика дека средишно место на стружани низ вековите била црквата „Свети Ѓорѓи“. Околу неа се одвивал целиот јавен и социјален, а посебно верскиот живот на стружани. Улогата на оваа црква била голема, тука се збирале видни луѓе, чорбаџии, трговци, како и луѓе од струшки угледни фамилии. Голем дел од тие фамилии и денеска постојат и егзистираат. Особено важна е посветеноста и организираноста на луѓето кои биле во тие црковни одбори и зачудува нивната подготвеност.

При последната обнова во 1835 година, по низата тешкотии за добивање дозвола за обнова на црквата за која вложиле многу пари за поткуп во Станбол и Цариград, стружани биле изложени на дополнителни давачки кај локалните турски управители. Со големи поткупи конечно во 1835 година успеале да ја добијат дозволата за обнова на црквата. На 10 април старата црква била срушена и за помалку од два месеци била изградена до сводовите. Во темелите на црквата, во земјата се набиени 5.000 колци. Темелот е исклучително јак, правен од многу органзирана тајфа која интензивно работела. Кога црквата била во фаза на покривање повторно во Струшко избиле големи немири, башибозук влегол во Струга и настанале тензии, кои биле надминати со интервенција на битолските валии и редовната турска армија и башибозукот бил протеран. Потоа било продолжено со градба и истата година е завршена.

Иконостас

Одушевувачка внатрешност со монументален иконостас

Резбаниот иконостас е изработен во духот на најубавите дела на мијачката копаничарска традиција во 1847 година, а престолните и празничните икони во 1849/50. Живописана е во 1874 година од тајфата на браќата Макариеви од Галичник.

На првиот иконостас поставени се старите икони од 16 век, новиот иконостас се прави подоцна. Тогаш и годините претходно се гради овој импозантен резбан иконостас со една мермерна извондредна конструкција во долните партии. Иконостасот и амбиентот во целиот тој простор е можеби еден од најмонументалните во Струшко и во Западна Македонија, заедно со иконостасите од Каменско и свети Јован Бигорски, како поголеми духовни центри во цела Македонија. Целиот живопис е правен од браќата Христо и Кузман Макариеви од Галичник.

Внатрешноста на храмот „Свети Ѓорѓи“ е имозантен простор, а со чистењето на фреските се открива целата нивна убавина. Кога целосно ќе се исчистат фреските ова ќе биде еден од најубавите фрескоживописни сочувани во храмовите во овој дел од Македонија. Во внатрешната концепција на живописот во црквата е истакната традицијата на словенските учители, браќата Кирил и Методиј и на светите Климент и Наум и се што е поврзано со култот на седмомислениците – една од најмонументалните композиции, работена во преродбенска редакција со сите елементи. После чистењето и реставрацијата на фреските се гледа целиот нивни сјај и раскош. Во југозападна Македонија, црквата „Свети Ѓорѓи“ и фреските во неа со целата историско-уметничка традиција, е еден од водечките споменици.

При препокривањето на црквата во 1990 година на таванот биле пронајдени над 50 икони, кои биле нарачувани или подарувани од други цркви од Струшко. Сега иконите се целосно заштитени и конзервирани, подготвени за презентирање во изложбената поставка на галеријата. Збирка икони од црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга може да се нарече поствизантиска, бидејќи во неа доминираат икони од 16, 17 и 18 век.

Иконата на Свети Ѓорѓи меѓу десетте највредни

Иконата на светецот датира од 1267 година и е една од најстарите во богатата македонска колекција на средновековен иконопис, дело на зографот Јован. Таа е извонреден примерок и едно дело на уметност што е влезена во сите светски енциклопедии. Се изучува на сите светски универзитети, посебно на византолошките центри и средини со долга традиција за проучување на византиските студии. Иконата на свети Ѓорѓи е една од 10-те највредни и највпечатливи од периодот на доцноколненскиот стилски израз.

Св Ѓорѓи

Тука има извонредни примероци изработени од најдобрите мајстори кои тогаш биле ангажирани на територијата на Охридската архиепископија. Тоа е период кога Охрид и Охридската архиепископија доживуваат голем црковен и политички подем. Во тој период има охриѓани кои ќе застанат на Света Гора и ќе водат големи манастири таму.

Литија со чудотворната икона и моштите на свети Ѓорѓи

Како одлика на долгата струшка православна традиција е познатата ордија, односно литија која со векови се одвивала во градот. Некогаш се правела посвечено, но имало периоди кога било и поскромно. Последните години традицијата се возобновува и добива свој раскош. Се одржува на 7 мај, ден по Ѓурѓовден. По свечената литургија во црквата се зема чудотворната икона, а последните години настанот е збогатен и со носење на моштите на свети Ѓорѓи од истоимениот манастир во Рајчица, со присуство на братството и сестринството на Бигорскиот манастир и на Рајчица и се носи низ струшките улици. Се верува дека со неа се осветува градот и целата околина.

литија струга 1

Тоа е вековна традиција, која во христијанството е постојано присутна и е битен елемент на ова современие на Струга и голем поттик за возобновување на сите традиции кои постоеле тука, а се поврзани не само со свети Ѓорѓи и Ѓурѓовден, туку и со другите поголеми христијански празници, почнувајќи од Божиќ, Водици, до Велигден.

литија 3

Илјадници верници од земјава, но и странство се собираат за свечениот пречек да се поклонат пред моштите на свети Ѓорѓи Победоносец и да ја испочитуваат древната традиција.

литија 2

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account