Почеток на проектот БалканМед Е-бизнис страници

Share Button

БалканМед Е-бизнис страници е проект одобрен во рамките на Програмата за
транснационална соработка на Европската унија “Балкан-Медитеран 2014-2020”, под
приоритетните оски: претприемништво, вработување и иновации, со специфична цел –
конкурентни територии.
Временската рамка за реализација на проектот е од 01.08.2017 до 31.07.2019 година, а
одобрениот буџет е 717.588,50 евра од Европскиот фонд за регионален развој (ERDF) и
Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија, и национално
кофинансирање од земјите учеснички.
Клучните имплементатори се партнери од 5 земји вклучени во програмата “Балкан-
Медитеран 2014-2020”:
• Агенција за развој на човечки ресурси, Русе, Бугарија;
• Грчката менаџмент асоцијација, Атина, Грција;
• Комерцијална и индустриска комора на Лимасол, Лимасол, Кипар;
• ГАУС Институт – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење,
Битола, Македонија; и
• Центар за поттикнување на конкурентноста, Тирана, Албанија.
Главната цел е подобрување на конкурентноста на извозно ориентирани мали и средни
претпријатија (МСП) во регионот Балкан-Медитеран (БалканМед).
Специфични цели се:
• Промовирање на размена на деловни информации за МСП во регионот БалканМед;
• Олеснување на процесите за соработка и трансфер на технологии во регионот; и
• Развој на дигитални алатки за подобрување на интеграцијата на локалните пазари.
Индикаторите се:
• E-бизнис страници: веб-платформа со информации за извозно ориентирани мали и
средни претпријатија, деловни здруженија и кластери во регионот БалканМед;
• Четири дигитални алатки за поддршка на МСП: 1) Анализа на извозот на МСП,
постојните деловни здруженија и кластери и можностите за соработка; 2) Најдобри
практики за трансфер на технологија; 3) Упатство за трансфер на технологија; 4)
Упатство за кластери;
• Пет семинари со претставници на МСП, деловни здруженија, кластери итн.
Очекуваните резултати се: 200-250 профили на МСП во е-платформата од секоја земја-
партнер (вкупно 1000 профили), над 5000 посети на е-платформата, најмалку 200 корисници
на 4-те дигитални алатки развиени во проектот, 5 Претставници на МСП од секоја земја-
учесничка ќе учествуваат на 5 различни работилници (вкупно 25 МСП по земја).
Проектот ќе се реализира преку имплементација на 5 главни активности: менаџирање со
проектот и координација, информации и публицитет, креирање на електронска база на
податоци и бизнис е-платформа, инструменти за зголемување на конкурентноста на
локалните МСП и семинари – работилници со претставници на бизнис секторот во секоја од
земјите партнери.
Сите информации и новости во врска со имплементацијата на проектот се поставени на:
http://www.interreg-balkanmed.eu/approved-project/27/
https://www.facebook.com/BalkanMedEBusinessPages/

уредник

Related Posts

Петиција против законот за јазици

Коментарите се исклучени на Петиција против законот за јазици

Талат Џафери го испрати Договорот за потпис кај Иванов

Коментарите се исклучени на Талат Џафери го испрати Договорот за потпис кај Иванов

Create Account



Log In Your Account