ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Собрани се парите потребни за лекување на малиот Стефан!

Share Button

„Успеавме, успеавме, успеавме! Собрани се средства за Стефан! Фала му на Бога“! Со овие зборови на социјалните мрежи се рашири прекрасната вест дека уште еднаш докажавме колку хумана нација сме.

Средствата потребни за операција на малиот Стефан Мелник се собрани.

Семејството на Стефан испрати јавна благодарност до сите и ја соопшти веста дека заминува на операција.

„Добри луѓе, ви благодариме за хуманоста и агилноста, и сакам да ве известам дека средствата за операција за Стефан се собрани. Ви благодариме на сите кои дониравте со пари и добра мисла и се надеваме дека ќе се вратиме со добри вести од Русија“.
Искрена благодарност од целото семејство Мелник

Стефан има 9 години и не оди на училиште бидејќи поради инфекција почна многу брзо да го губи видот на двете очи. Стефан за три месеци целосно го изгуби видот на едното окце, а она што остана е 5% видливост на другото но, има надеж да се спаси со оперативен зафат кај специјалист на очна клиника во Русија. Операцијата чини 10.000 евра, мора да се стават импланти во очите кои со помош на матични клетки ќе му помогнат да го врати видот.

уредник

Related Posts

Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Коментарите се исклучени на Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Create Account



Log In Your Account