Пронајдено лице кое се бара со потерница за сторено кривично дело – недозволена трговија со дрога

Share Button

СВР Скопје во март годинава поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителсто Скопје против лицата М.О.(39) и Д.И.(65) за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ. По поднесената кривична пријава до ОЈО е предаден второпријавениот Д.И, додека првопријавениот  бил недостапен за органите на прогон.
По преземени мерки и активности, а во врска со издаден централен распис,  во текот на вчерашниот ден  првопријавениот М.О. е пронајден и предаден на Основно јавно обвинителсто за понатамошна постапка.
Кривичното дело пријавените го сториле на тој начин што двајцата пријавени  во текот на месец март 2017 година неовластено, за понатамошна препродажба, од лице од Косово, набавиле и организирале траспорт на наркотична дрога марихуана во количина од околу 20 килограми од Р.Косово во Р.Македонија. Имено првопријавениот со цел да го организира транспортот стапил во контакт со второпријавениот и му понудил заедно да ја транспортираат наркотичната дрога марихуана за определен паричен надомест. За таа цел од Агенција за изнајмување на возила, второпријавениот изнајмил возило марка Форд Транзит. Со изнајменото возило двете лица заедно се упатиле кон граничниот премин Долно Блаце и истите оствариле влез во Р. Косово. Се упатиле во Приштина, каде е извршено преземањето на наркотичната дрога, по што лицата се упатиле кон Р.Македонија. Кога пристигнале пред граничниот премин првопријавениот  на Д.И. му дал инструкции како да го изврши транспортот преку границата со цел да остане незабележан, додека истиот се упатил пешки да го помине граничниот премин.  На 21.03.2017 година околу 10,30 часот второпријавениот  управувајќи го изнајменото возило, а по претходно зададени инструкции од првопријавениот, се пријавил за влез во Р.Македонија на Граничен премин Долно Блаце при што од страна на царински службеници му бил извршен детален преглед на возилото каде биле пронајдени вкупно 42 пакувања наполнети со непозната растителна материја и истите се одземени со потврда за привремено одземени предмети. По извршено вештачење утврдено е дека растителната материја во 42 пакувања е наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 19,325 грама.

уредник

Related Posts

Драма пред ноќен клуб во Битола- еве ги деталите

Коментарите се исклучени на Драма пред ноќен клуб во Битола- еве ги деталите

Буково денес (фото)

Коментарите се исклучени на Буково денес (фото)

Пак вандализам во Битола (фото)

Коментарите се исклучени на Пак вандализам во Битола (фото)

И МТСП на терен – постапува по случајот со претепаното двегодишно дете.Таткото притвор 8 дена

Коментарите се исклучени на И МТСП на терен – постапува по случајот со претепаното двегодишно дете.Таткото притвор 8 дена

Бугарија се двоуми: Дали „Северна Македонија“ носи територијални претензии !?

Коментарите се исклучени на Бугарија се двоуми: Дали „Северна Македонија“ носи територијални претензии !?

Create Account



Log In Your Account