СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО, НО ПO ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ

Share Button

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo влажни коловози. Регионалниот пат Р2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица се затвора за сите видови на сообраќај од 15.11.2017до 1.04.2018 година.

Од 15 ноември, на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2018 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15.11.2017 година се изведуваат градежни активности за изградба на клучката Банчо Прќе на експресниот пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат Р1205. За таа потреба воведена е временска измена на режим на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

Вијадукт Трејд од 1.11.2017 година почна со градежни активности на клучката Хиподром во време траење од 60 дена.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од среда 20.09.2017 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Виадукт трејд известува дека од 27.07.2017, поради поставување канделабри на делница Хиподром – Кадино, левата сообраќајна лента е затворена во времетраење од 3 (три) месеци.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Друштвото „Алфалт“ ДООЕЛ Скопје, известува дека се изведуваат градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици Отовица и Сопот. Во периодот од 18.10.2017 год. до 18.06.2018 год. на магистралниот пат А1 на делницата Велес – Скопје во близина на наплатната станица Отовица, и на делницата Скопје – Велес во близина на наплатната станица Сопот, се воведува времен режим на сообраќај и се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина на местата на кои се изведуваат работи на пат, како и да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ од 26.10.2017 година започна со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А4, делница од Кадино до Хиподром, од наплатна станица Петровец кон Хиподром. За таа потреба е воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ извести дека од 20.10.2017 год. започнaa градежни активности – реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Сарај – Групчин. За таа потреба, е биде воведена времена измена на режим на сообраќајот.

Вијадукт извести дека се изведуваат градежни активности со времетраење од 4 (четири) месеци на државниот пат А2, правец Гостивар – Кичево при санација на горен и долен строј на мост МАЛИ ДОЛ, КМ101+606, регулирано со семафори и дополнителна сообраќајна сигнализација и опрема.

Виадукт Трејд известува дека се изведуваат градежни активности со времетраење од 3 (три) месеци на државниот пат А2, патен правец Гостивар – Кичево, поради санација на горен и долен строј на мост ВИСЈАК ДО км109+878, регулирано со семафори и дополнителна сообраќајна сигнализација и опрема.

Виадукт Трејд на 17.07.2017 започна со изведување на градежни активности, реконструкција на десната страна на коловозот, со времетраење од 6 (шест) месеци од Граничен премин „Богородица“ до клучка Гевгелија во должина од 5км.

Виадукт Трејд известува дека се изведуваат градежни активности, поставување на канделабри на клучка Неготино на државниот пат А2 Тетово – Гостивар во времетраење од 2 (два) месеци.

Компанијата Ескалатори МК дооел – Скопје известува дека ги изведува градежните работи за Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државниот пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска клучка). Сообраќајот се одвива под одобрен изменет режим во период од 17.07.2017 год. до 31.12.2017 год.

ГД „Гранит“ од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с. Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз.

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември

Виадукт Трејд известува дека од 11.05.2017 се изведуваат градежни активности – електрично осветлување во траење од околу 6 месецина клучка Белви на автопатот А2, Е65, делница Хиподром – Миладиновци.

Градежно друштво „Гранит“ АД Скопје известува дека ги изведува градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип. Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќај на делница Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистралниот пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми, по новоизградената коловозна лента.

ДГ „Бетон“ АД Скопје извести дека од 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистралниот пат А2, делница Гостивар – Кичево, по раскрсницата Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м),  согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

ГД „Гранит“ АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, Коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Градежно Друштво „Гранит“ АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204.

АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Информации за движење на патниот правец низ ЈАСЕН (Од 1 април 2017 година).

Патниот правецот кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод
Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 -18:00 часот
Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 -20:00 часот

Информации на тел: 02/ 3115-016 или е-mail: info@jasen.com.mk.

Информативен центар

(02) 15 555

уредник

Related Posts

Помодре водата во градска река во Прилеп

Коментарите се исклучени на Помодре водата во градска река во Прилеп

ЕВЕ КАКОВ Е СЕГА БЕЗИСТЕНОТ ВО СРЦЕТО НА БИТОЛА, КАКО КОЧИНА! (ФОТО)

Коментарите се исклучени на ЕВЕ КАКОВ Е СЕГА БЕЗИСТЕНОТ ВО СРЦЕТО НА БИТОЛА, КАКО КОЧИНА! (ФОТО)

Create Account



Log In Your Account