Прилепчанка го нашла гостинот мртов во нејзината куќа

Share Button

Триесетгодишен прилепчанец бил пронајден мртов во куќа во која отишол на гости.

Полицијата соопшти дека вчера дваесет и седумгодишната Н.А. пријавила дека гостинот кој претходниот ден дошол кај нив го пронашла мртов во собата во која престојувал кај нив.

Имено Р.Ѓ. кој сега е починат дошол во домот кај неа и нејзиниот сопруг со изговор дека се скарал со неговите родители и побарал да остане, по што се качил на катот од куќата. Откако истиот бил пронајден без знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

уредник

Related Posts

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Коментарите се исклучени на Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Во Чаир повредена една жена, машко лице пукало во неа

Коментарите се исклучени на Во Чаир повредена една жена, машко лице пукало во неа

Опожареното „БМВ“ било во сопственост на син на познат скопски бизнисмен

Коментарите се исклучени на Опожареното „БМВ“ било во сопственост на син на познат скопски бизнисмен

Create Account



Log In Your Account