Во текот на денот МВР ќе соопшти детали за полициската акција во Битола на повеќе угостителски објекти

Share Button

Министерството за внатрешни работи во координација со Управата за јавни приходи ноќеска спроведе  контрола на повеќе угостотелски објекти во Прилеп и Битола, но, како што велат од МВР, и на други места.

Детали за акцијата, како што најавија, ќе соопштат на прес-конференција во текот на денов.

Пред една недела во координирана акција на полицијата со инспектори од УЈП, Инспекторатот за труд и Пазарниот инспекторат се проверуваше работата на 24 угостителски објекти во Скопје, од кои 13 беа затворени поради утврдени неправилности

Напишете коментар