Дали се бркаат се уште ученици од час? Дали наставници – професори носат и користат мобилни на час?Еве ги правилата!!!

Share Button

Дали иако е забрането , се бркаат ученици од час?Дали наставници -професори носат и користат мобилен на час?

Еве го правилникот што е дозволено по закон а што не!

ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ И ДРУГИТЕ
ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО
1. Обврска на наставниците е да држат часови од редовна, дополнителна и
додатна настава и слободни ученички активности.
2. Наставниците несмеат да доцнат на час.
3. Наставниците мораат редовно да дежураат по ходниците, како би се
подигнала безбедноста на учениците на повисоко ниво.
4. Наставниците во училиштето треба да доаѓаат уредни и чисти.Облекувањето
треба да биде прикладно – не смее да се доаѓа во кратки сукњи,кратки
маици,маици на прерамки,ниту во облека со многу длабок израз. Во тренерки
смеат да доаѓаат само наставниците по физичко образование. Шминката не
треба да биде нападна.
5. На наставниците им се забранува употребувањето на мобилни телефони за
време на часот.
6. Наставниците мора да бидат способни да го одржат редот на часот, за да
можат учениците да ги слушаат предавањата и објаснувањата.
7. Наставниците несмеат да им викаат на учениците.
8. Наставниците несмеат да ги бркаат учениците од час, доколку ученикот
смета на час, треба во присуство на наставникот да се прати кај педагошко-
психолошката служба или кај директорот.
9. Наставниците треба да ја прилагодат наставата кон учениците и да им
објаснат се што не им е јасно.
10. Наставниците треба да ја почитуваат личноста на ученикот, несмеат да
навредуваат,да им даваат ментални квалификации,да ги исмејуваат пред
одделението,, да ги дискриминираат по било која основа,ниту да изразуваат
реваншизам.Сите ученици треба да бидат,рамноправни,наставниците несмеат
да фаворизираат определени ученици.
11. Секое напредување и резултат или успех кој ученикот ќе го постигне,треба
да се пофали,наставникот неможе да го омаловажува успехот на ученикот ако
не ги задоволува критериумите кои наставникот ги поставил.
12. Во работата со учениците,наставникот мора да изрази толеранција,да им
овозможи секаква помош која им е потребна и да ги охрабрува учениците.
13. Наставниците на работа доаѓаат 20 минути пред почнувањето на
наставата,а дежурните наставници 30 минути пред започнување на наставата.
14. Наставникот не смее за време на настава и на одморите да прака ученици
надвор од училишниот објект за било какви потреби.
15..Наставникот за време на часот не смее да конзумира храна, кафе,мастики
за џвакање и сл.
16. Наставникот е должен да присуствува на родителските сребди и на
отворените денови.

С.Анеска

Image result for ученици

уредник

Related Posts

ДЕНЕСОВСКИ: Роберт Поповски не да отчетно и транспарентно лажеш, туку продолжувате со глупава морбидна кампања!

Коментарите се исклучени на ДЕНЕСОВСКИ: Роберт Поповски не да отчетно и транспарентно лажеш, туку продолжувате со глупава морбидна кампања!

ВМРО-ДПМНЕ нема да одат на координација со Џафери, ќе му достават писмени барања

Коментарите се исклучени на ВМРО-ДПМНЕ нема да одат на координација со Џафери, ќе му достават писмени барања

„Нова Македонија“ попладнево објави нови детали и фотографии за трагедијата на Кајмакчалан

Коментарите се исклучени на „Нова Македонија“ попладнево објави нови детали и фотографии за трагедијата на Кајмакчалан

Create Account



Log In Your Account