Доаѓа зимата!

Денеска кон крајот на денот во западните и северните делови од земјава ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег.

Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта и ќе продолжат и во понеделник претпладне.

Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на температурата.

Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.

 

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account