МПЦ побара Бугарската православна црква да и биде црква-мајка

Share Button

Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија испратил писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, јавува МИА.

Писмото е испратено на 9 ноември до Светиот синод на Бугарската црква по редовна седница на МПЦ-ОА во Скопје на која било едногласно одлучено да се упатат одредени предлози и барања до сестринската црква.

– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, се нагласува во писмото.

Синодот од Скопје бара од БПЦ да воспостави „евхаристичко единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.

Со евентуалното потпишување меѓу двете цркви, се бара воспоставување единство меѓу двете епископии што ќе биде основа за „евхаристичко единство и со епископиите од останатите помесни православни цркви“.

МПЦ се надева на прифаќање на нивните предлози од Светиот синод на БПЦ „за доброто на секвукпната црковна полнота“.

уредник

Related Posts

Вечерва од Ерусалим во 20 часот на скопскиот аеродром ќе пристигне благодатниот оган

Коментарите се исклучени на Вечерва од Ерусалим во 20 часот на скопскиот аеродром ќе пристигне благодатниот оган

Александар починал еден час откако грчките спасувачи го испуштиле во бездната

Коментарите се исклучени на Александар починал еден час откако грчките спасувачи го испуштиле во бездната

(фото+видео)ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО храм Пресвета Богородица Битола

Коментарите се исклучени на (фото+видео)ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО храм Пресвета Богородица Битола

Create Account



Log In Your Account