Пациентите да плаќаат по 30 денари од посета на матичен, бара Здружението на приватни лекари

Share Button

Капитација од 65 денари и пациентот да плаќа манипулативен трошок за влез кај матичен од најмалку 30 денари.

Резултат со слика за лекари

Ова го бара Здружението на приватни лекари за како што велат, примарното здравство да функционира како што треба. Барањето го доставиле до Фондот за здравствено осигурување, но никако директорот на оваа институција да ги повика на средба.

Иако пред неколку години не беше прифатено воведување на партиципација кај матичен, од здружението со став дека се променила пазарната економија и со сегашните услови и трошоци што ги имаат, некои лекари ќе бидат принудени да ги затворат ординациите.  Голем дел од нив патувале десетици километри до работното место, а во помалите градови, пак, немаат доволен број на пациенти.

-Трошоците за живот се зголемуваат и затоа ние бараме поголем бод и од сегашниот 55, барем капитацијата да биде 65 денари. Исто и за манипулативен трошок, мора да се водведе бидејќи пациенти доаѓаат, ќе земат приоритетен упат и нема да идат на лекар. Повторно ќе дојдат, повторно закажување, повторно принтање и сето тоа го одземна времето и на лекарот и на здравствените работници и затоа мора рационално да се троши и времето за работа и здравствениот денари, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ

Дервишова вели дека матичните лекари немаат трошоци само за плати и потрошен материјал. Издвојувале пари и за кирија, софтвер, книговодител, фирмарина.

Покрај зголемување на финансиите од надлежните бараат и намалување на казните кон примарното здравство како и зголемување на буџетите на приватните специјалисти кои работат со ФЗОМ.

Не добивме одговор од Фондот дали во фондовската каса ќе има доволно пари за исполнување на барањата на матичните лекари.

  • Сања Димитровска

уредник

Related Posts

Трошоците на функционерите достапни до јавноста, рекордер во трошење е Груевски, после него следи Зоран Заев

Коментарите се исклучени на Трошоците на функционерите достапни до јавноста, рекордер во трошење е Груевски, после него следи Зоран Заев

Се поместуваат ли се уште плочките низ Широк сокак при движење? Жена се засопна и падна

Коментарите се исклучени на Се поместуваат ли се уште плочките низ Широк сокак при движење? Жена се засопна и падна

Create Account



Log In Your Account