Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Маврово и Стража, соопшти АМСМ

Share Button

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено и по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Маврово и Стража, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

Напишете коментар