Директор и наставник на скопска гимназија издавале лажни сведетелства и диплома

Share Button

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.Д.(35) и Ш.З.(38), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против О.С.(50) од Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавениот, како одговорен наставник за вонредни ученици во средното училиште „Цветан Димов“ – Скопје и второпријавениот, како Директор во училиштето и покрај тоа што знаеле дека третопријавениот не бил запишан како вонреден ученик во 2012 и 2013 година, туку бил запишан на точно неутврден датум во 2014 година, како и дека, третопријавениот не ги полагал сите испити по предметите, своерачно, со потписи и печат му изготвиле и издале четири лажни свидетелства и диплома за положен завршен испит, информираат од МВР.

Оттаму велат дека третопријавениот ги употребил овие документи како доказ во правниот сообраќај во повеќе наврати, како и при засновање на работен однос на неопределено време на работно место Командир на територијална противпожарна единица во Општина Старо Нагоричане, за што во период од две години, му биле исплатени 34 месечни бруто плати во точно неутврден износ, за којшто износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.

уредник

Related Posts

Се огласи Владата по протестите за Алмир Алиу

Коментарите се исклучени на Се огласи Владата по протестите за Алмир Алиу

Александар починал еден час откако грчките спасувачи го испуштиле во бездната

Коментарите се исклучени на Александар починал еден час откако грчките спасувачи го испуштиле во бездната

Времето денес сончево со локална облачност

Коментарите се исклучени на Времето денес сончево со локална облачност

Центарот на Битола како хорор филм

Коментарите се исклучени на Центарот на Битола како хорор филм

Читател:Еве како е транспарентна општината без камери! Барам да се постават камери, вели Бучински

Коментарите се исклучени на Читател:Еве како е транспарентна општината без камери! Барам да се постават камери, вели Бучински

Create Account



Log In Your Account