Детали за убиството во Гевгелија

Share Button

Две лица се уапсени поради убиството на 41 годишниот Б.Р. од Гевгелија кој вчера околу 7 часот беше пронајден починат со повреди на главата.

Од полицијата информираат дека осомничени се К.И. (31) за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање.

 

Според податоците од МВР, случајот со починато лице вчера кај нив бил пријавен од страна на лекар од Итната медицинска помош кој ја констатирал смртта со траги на насилство кај Б.Р., пронајден во семејната куќа на второпријавениот Р.К.

Истрагата покажала дека пред два дена во период од 21 до 22 часот, во семејната куќа на Р.К. седеле тој и сега убиениот. Во еден момент дошол првопријавениот К.И. извадил ракија и почнал да го обвинува Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон.

Набрзо К.И. физички го нападнал Б.Р. во пределот на лицето, а продолжил удирајќи го во главата се до неговата смрт. Потоа двајцата осомничени ги прикриле трагите, а телото го преместиле во друга соба од куќата. Убиецот К.И. си заминал,  а Р.К. останал.

Полицијата по прибирањето на доказите вчера ги привела двете лица, при што кај К.И. осомничен за убиството биле констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, осомничениот за помагање Р.К. 2,53 промили алкохол. На двајцата им се земени примероци од крв и урина за дополнителна анализа.

На К.И. и Р. К., двајцата од Гевгелија поднесени им се кривични пријави и одреден им е притвор во времетраење од 30 дена.

уредник

Related Posts

Полицијата вчера ја пронашла исчезната штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“

Коментарите се исклучени на Полицијата вчера ја пронашла исчезната штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“

Престрелка со полициските Тигри: Едно лице убиено.МВР најави детали во текот на денот

Коментарите се исклучени на Престрелка со полициските Тигри: Едно лице убиено.МВР најави детали во текот на денот

Притвореник во битолскиот затвор се обеси

Коментарите се исклучени на Притвореник во битолскиот затвор се обеси

Скопјанец чекал на семафор – излегле од возило и го претепале

Коментарите се исклучени на Скопјанец чекал на семафор – излегле од возило и го претепале

15 годишно девојче од Скопје полово нападнато во Струга.Напаѓачот полицијата го барала и претходно за издржување затворска казна

Коментарите се исклучени на 15 годишно девојче од Скопје полово нападнато во Струга.Напаѓачот полицијата го барала и претходно за издржување затворска казна

Кривична пријава против ексдиректорот на Агенција за вработување

Коментарите се исклучени на Кривична пријава против ексдиректорот на Агенција за вработување

Две лица од скопско пријавиле измама при обид да дојдат до огревно дрво

Коментарите се исклучени на Две лица од скопско пријавиле измама при обид да дојдат до огревно дрво

Create Account



Log In Your Account