Share Button

 

отец Николче Димовски Контев

Се наближува роденденот на мајка ми! Едно знам! Жал ми е бидејќи се наближуваат и пет години од нејзината смрт! Беше прекрасна жена една-единствена! Животот го помина достоинствено, тешко, чесно, вредно… Налик на Црква! Оние што ја познаваа знаат за вистината која овде ја пишувам. Никогаш не ме удрила! Или ако тоа го сторила, сигурно сум заслужил и затоа можеби сум заборавил. Не се сеќавам.

Најблизок ДНК елемент од неа има тетка ми Елисавета! Слични не исти. Цело лето го поминував во нејзино опкружување. Таа тетин ми вујковците и вујните се грижеа за мене. Таа ме има удрено еднаш! Не сакав да јадам. И имам простено Господ ми е сведок. Но и памтам и се сеќавам (иако имав само 6 години), не за друго туку поради тоа што не ми е мајка. На истиот ден за иста причина беше удрена и сестра ми. И таа се сеќава. Знаете зошто?
БИДЕЈЌИ НЕ УДРИ А НЕ НИ Е МАЈКА! Никој нема право да удри дете! Најмалку туѓо! Ист е и шамарот од верата!

Деновиве ми зујат ушиве! Некои туѓи гласови! Некој побарал во наше име да не посвои. Татко ми му испратил писмо (барање) на комшивката да не посвои. Не можи! Навистина не можи бидејќи јас му сум кум. Цел град знае дека жена ми ги има крстено нејзините внуци! Ни еден лик не е измислен! Сите постојат!

Пред цела јавност велам не сакам! Не сакам друга мајка! Полнолетен сум, можам сам да се грижам за себе, својот дом, своите деца. Не сакам друга жена за мајка. Јас знам која ми е мајка како што знам во што верувам, на кој народ припаѓам во која црква се молам. И им благодарам на моите наставници кои ми предаваа историја ( Беќарски, Белчовски, Трајановски) во богословија и на факултет и кои барем нешто ме научија.
Меѓу другото и тоа дека за време на Втората светска војна а и претходно црквата која некои сакаат да им биде мајка донесла цела машинерија на шпиони и свештеници од Бугарија кои дебело биле платени за ширење на идеалите на Голема Бугарија, угнетувајќи го домородното свештенство кое немало право да проповеда на лмакедонски јазик. Службен ОБАЧЕ бил блгарскиот. Можеби не сте слушнале за животот на блаженоупокоениот архиепископ Ангелариј и за низата свештеници кои го имаат животот дадено?

За што? За мајчинско подадената рака! Само која мајка кажете! Пред 15 тина години беше од север, сега од исток… Ало се слушаме…

Нека таа која вие ја барате да ни биде мајка прво му се извини на чедото што го тепала и долго време (всушност од секогаш) го малтретирала своето сираче па потоа со раката која ни ја подава ги врати Иконата од Христос од 13 в. Подарок на охридскиот архиепископ Димитрие од 13 в.натпис на плоча од бронза од Прокопие архиепископ на Јустинијана Прима, плаштот на Андроник Палеолог земен од црквата св. Климент, кивот со мошти од света Матрона сребрен крст од 1742 две покривки од Дука Комнен, летописот на Јован Скилица од 13в. скапоцената митра, слоновиот жезл на св. Климент, евангелија, записи, мошти (до утре можам да ви набројувам)…, која ги зеде на привремено чување ни ги врати најпрво назат! Така вистинската мајка би постапила!

И всушност г. Науме вие не сте таткото на оваа црква, ниту било кој од оние кои денес беа со вас. Во слична улога бевте и пред 15 години ( во Ниш мајка ви ја баравте). Извинете ама таков татко не ми треба. Подобро ќе бидам копиле отколку ти и твојата дружина која повеќе наликува на оние од Монти Пајтон да ми кажува која ми е мајка…

Фотографија на Nikolce Dimovski-Contev.

Напишете коментар