Камерниот хор “Мелодиум” успешно се претстави пред Солунчани

Share Button

Камерниот хор “Мелодиум”  со посредство на нашиот конзулат во Солун и конзулката Маја Апостолова, по втор пат, успешно, се претставија пред Солунчани.

Со бројни аплаузи и овации беше награден камерниот хор “Мелодиум” на осмиот Меѓународен фестивал за филхармониски хорови и оркестри, кој на 18-19 ноември 2017 се одржа во преполната сала на операта во Солун, Р.Грција

На овогодинешниот фестивал учество зедоа 52 хорови и оркестри од повеќе земји.

Главната причина за „влез“ на хорот „Мелодиум“ на овој голем и препознатлив европски фестивал беше исклучително успешниот настап на Меѓународниот фестивал на мјузикли во Солун во април 2017.

Камерниот хор “Мелодиум” е формиран во 2012 година од проф.Марина Коруновска, која веќе 12 години е раководител на детскиот хор “Ѕвончиња”. Со формирањето на хорот „Мелодиум“ се пополни вакум просторот од недостатокот на младински камерен хор во југозападниот регион на Р.Македонија, така што овој хор е единствен од ваков тип на овој простор во нашата земја. Хорот го сочинуваат членови од неколку градови: Битола, Ресен и Прилеп, со тенденција да се проширува со нови членови и од другите градови од југозападниот регион.

Камерниот хор “Мелодиум” од своето формирање па до денес има учествувано на концерти во повеќе држави: Р.Србија, Р.Словенија, Р.Грција, Р.Бугарија и секако во повеќе градови во Р.Македонија.

Поради атрактивниот репертоар и успешноста на бројните меѓународни настапи, хорот овој пат доби покана за учество на фестивал во Атина, мај 2018 година, додека во јуни 2018 му претстои концерт во Виена.

 

Напишете коментар