МПЦ побара од Грчката црква да ѝ биде вујна

Share Button

Пара вести
Арслан Новинарски
МПЦ побара од Грчката црква да ѝ биде вујна
Скопје, 23 ноември 2017

МПЦ побара од Грчката црква да ѝ биде вујна

По барањето на МПЦ до Бугарската православна црква да ѝ стане црква-мајка, водечката верска компанија во Македонија побара и други роднински врски во православниот свет.

Имено, МПЦ доставила писмено барање до Грчката православна црква да ја признае како своја внука и да ѝ стане вујна, што во иднина треба да доведе до афирмација на македонската црква во православниот свет.

Во тек е изготвувањето на барање до Српската православна црква да се прогласи за трета братучетка на МПЦ, сродство кое иако е навидум далечно, може да ги затопли односите помеѓу двете цркви.

Во меѓувреме, петнаесетина други православни цркви од целиот свет изразија интерес да стапат во сродство со МПЦ. Така, од Грузиската православна црква велат дека сакаат МПЦ да им биде стрина, Романската православна црква побара МПЦ да ѝ стане снаа од брат, а Финската православна црква побара од МПЦ да ѝ стане золва.

Добро упатени извори за Пара вести велат дека деновиве ќе се најде и јатрва за МПЦ, а експертите сметаат дека стапувањето во сродство со бројни други цркви ќе придонесе за разноликоста и збогатувањето на возниот парк на Македонската православна црква.

извор https://okno.mk/node/67957

Напишете коментар