Пронајдени околу 60 килограми марихуана на стариот пат Охрид – Струга

Share Button

На 23.11.2017 година околу 21.00 часот на стариот пат Охрид – Струга, во близина на мостот на река Сатеска, биле пронајдени  59 пакувања со вкупна тежина од околу 60 килограми опојна дрога марихуана. Опојната дрога била ставена во пет торби, а била пронајдена од полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи при Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашкаста материја која заедно со останатите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија презема мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.

уредник

Related Posts

(ФОТОГРАФИИ) Двајца загинати и 17 повредени, патот Струмица-Радовиш-Штип блокиран неколку часа

Коментарите се исклучени на (ФОТОГРАФИИ) Двајца загинати и 17 повредени, патот Струмица-Радовиш-Штип блокиран неколку часа

Опожареното „БМВ“ било во сопственост на син на познат скопски бизнисмен

Коментарите се исклучени на Опожареното „БМВ“ било во сопственост на син на познат скопски бизнисмен

Create Account



Log In Your Account