Скопјани со највисоки плати

Share Button

Скопјани со највисоки плати

Само жителите на Скопје имаат повисока плата од државниот просек кој лани изнесувал 22.342 денари. Така, во главниот град просечната нето плата била 26.243 денари. Следуваат Полог со 21.484, Пелагонија со 20.600, Југозапад со 20.044, Вардарски со 17.699, Југоисток со 17.506 и Исток со 16.701 денари.

Највисока стапка на невработеност има Североисточниот регион (42.2%). Следуваат Југозападниот (33.0%), Полошкиот (26.4%), Скопскиот (22.3%), Вардарскиот (21.6%), Пелагонискиот (19.0%), Источниот (16.4%). Најниска стапка на невработеност има Југоисточниот регион (14.1%). Податоците се однесуваат на 2016-та година кога стапката на ниво на државата била 23.7%.

Овие бројки до некаде се поклопуваат и со оние за корисниците на социјална помош. Регионите со најмногу невработени имаат и најмногу социјални случаи. Така, во Североисточниот 2.46% од населението се корисници на социјална или парична помош, а во Југоисточниот 1.57%.

Богатството на сиромаштијата

Третина фирми во скопскиот регион

Статистиката покажува дека една третина од сите компании се регистрирани во главниот град. Според ДЗС, во скопскиот регион има речиси 27 илјади фирми, следи пелагонискиот со нешто над 8 илјади, па југозападен и полошки со по околу 7 илјади, источен и вардарски со по пет и пол илјади, а на последно место е североисточниот регион со нешто над 4 илјади регистрирани компании.

Скопје предничи и по бројот на ново регистрирани фирми. Во 2014-та (последни податоци) во главниот град биле отворени 2.660 компании. Најмалку нови деловни субјекти има во североисточниот регион, само 400.

Во Скопје има и најмногу продавници и маркети (над 4 илјади), следат Полог (над 2.700) и Пелагонија (речиси 2.600). Најмалку продавници има во Вардарскиот и Источниот регион (по нешто под 1.600).

Во Скопје најмногу продавници има во Центар (речиси 1.000), следат Карпош и Аеродром (по нешто помалку од 500): Најмалку има во Сарај (52).

Стратегија има, имплементација нема

Македонија има стратегија односно програма и посебен орган кој ја спроведува – Бирото за рамномерен регионален развој кое финансира проекти во посиромашните општини. Според официјалната интернет страница, целите на институцијата се рамномерен и одржлив развој на целата територија на Македонија, намалување на разликите меѓу планските региони и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани. Колку е успешно нивното достигнување покажуваат статистичките податоци.

Овој проблем кој се провлекува со децении го увидуваат и надлежните.

„Да се развие економскиот живот насекаде во Македонија, не само во Скопје. Сведоци сме дека најголем дел активностите се одвиваат овде и во иднина е потребно да се дисперзираат што е повеќе можно и да се овозможат услови за живот и во другите краеви во Македонија“, изјави неодамна министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

Државата сега ќе се обиде да ги пегла разликите и преку формирањето јавни приватни партнерства кои би користеле европски фондови за оваа сфера. Целиот проект се спроведува во координација со невладиниот сектор.

„За овој кус период имаме одредени позитивни и негативни искуства, и во иднина мора да посветиме многу поголемо внимание на оваа форма на инвестирање. Ова е многу значајно имајќи ги предвид лимитираните финансиски капацитети, како на централните власти, така и на локалната самоуправа. Особено на јавното – приватно партнерство како фактор во порамномерен регионален економски развој, што е една од основните потреби на економскиот развој во Македонија“ вели Шапуриќ.

Скопје останува центарот на Македонија во секоја смисла на зборот – односно црна дупка на Македонија.Скопје има најголема продуктивност и највисоки плати. Регионалните разлики наместо да се намалуваат се зголемуваат

.

Половина економија во Скопје

Речиси половина од економските активности се одвиваат во Скопје, а трендот на концентрација на стопанството во главниот град продолжува, па дури и се засилува.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2015-та 42.9% од вкупните активности биле во скопскиот регион што е за 0.3 процентни поени повеќе во однос на 2014-та.

Најновата публикација на ДЗС покажува дека на второ место е пелагонискиот регион со 10.8%, па потоа следат југоисточниот со 9.8%, источниот и вардарскиот со по 8.0%, полошкиот со 7.0% и североисточниот со 5.2%.

Селскополата со најголема продуктивност

Скопскиот регион има најголемо население, па логично е да има и најголема економија. Сепак, дури и кога ќе се спореди БДП по глава на жител заклучокот е ист – во метрополата се создава поголема додадена вредност. Скопје е 43.3% над државниот просек, југоисточниот регион 16.9% и вардарскиот 8.0%. Сите останати се под просекот.

„Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се создаде бруто – домашен производ што не е резултат на резидентното население. Од тие причини, податоците за БДП по жител може да бидат преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиот регион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила“ анализира ДЗС во својата публикација.

 

уредник

Related Posts

Собранието го врати сајтот на македонски

Коментарите се исклучени на Собранието го врати сајтот на македонски

Create Account



Log In Your Account