Во делчевското село Стамер жителите ја градат првата црква посветена на светиот пророк Еремија

Share Button

Во делчевското село Стамер жителите ја градат првата црква посветена на светиот пророк Еремија. Организирани сами и со поддршка на донатори, успеаја да го издигнат храмот за неполни две години како резултат на големото залагање на мештаните и донациите од фирмите во Делчево, рече Зоран Димитровски.

Според него, проектот е од владиката Иларион и одговара на бројот на населението. Така се прави и квадратурата.

– Иако идејата за изградба на првата црква во Стамер е моја и на неа со поддршка на жителите на Стамер работевме подолго време, сепак, успеавме да ги обезбедиме материјалите како донација од разни физички и правни лица, а местото со површина од 510 метри квадратни е донација од нашиот сограѓанин Игнат Николовски, рече Димитровски.

Се планира и средување на дворот каде веќе се гради летниковец, а ќе се уредува и хортикултурно.

– Досега во изградбата на црквата се инвестирани 12.000 евра. Но, според пресметките, потребни се уште околу 6.000 за фрескоживописот. Веќе имаме разговарано за цртање на црквата. Апелирам до сите верници, сограѓани и пошироко, да помогнат, а кој ќе донира, во знак на благодарснот ќе му биде исцртана негова слика во црквата, рече Димитровски.

Значењето на црквата е големо за жителите од селото кое некогаш било турско, а од 60-тите години на минатиот век, овде се населуваат христијаните. Жителите очекуваат градежните работи и хортикултурното уредување да бидат готови до идната пролет, а првата богослужба да се одржи на празникот на светиот пророк Еремија, на 14 мај.

уредник

Related Posts

(фото+видео)ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО храм Пресвета Богородица Битола

Коментарите се исклучени на (фото+видео)ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО храм Пресвета Богородица Битола

Архиерејска Вечерна со Чин на простување во соборниот храм Свети Димитриј во Битола

Коментарите се исклучени на Архиерејска Вечерна со Чин на простување во соборниот храм Свети Димитриј во Битола

Владиката Петар: Проблемот е надминат , недоразбирање и продолжувам со патувањето

Коментарите се исклучени на Владиката Петар: Проблемот е надминат , недоразбирање и продолжувам со патувањето

Мицкоски: Кукавиците со насилство дојдоа на власт!Кукавици се Талат Џафери и Зоран Заев!Оваа ненародна власт мора да падне

Коментарите се исклучени на Мицкоски: Кукавиците со насилство дојдоа на власт!Кукавици се Талат Џафери и Зоран Заев!Оваа ненародна власт мора да падне

Денеска се празнуваат: Свети Алексиј човек Божји и Светиот маченик Марин

Коментарите се исклучени на Денеска се празнуваат: Свети Алексиј човек Божји и Светиот маченик Марин

Create Account



Log In Your Account