И чекав како мајмун пред затворената порта на општина Центар а неговиот телефон беше недостапен

Gjorgji Spasov

Власт

Од средата до денес барав состанок во траење од 5 минути со градоначалникот на мојата општина Саша Богдановиќ- Српче. Му напишав во порака дека куќниот совет од заградата на ул. Васил Ѓоргов 20 во која има 123 стана од кои 120 гласаат за СДСМ ме овласти од него само да добијам информација за кровот на зградата кој прокиснува а не привилегија и помош. За жал до денес тој нема време. Денес ми рече дека ќе биде достапен по два, два и пол часот. И чекав како мајмун пред затвотената порта на општина Центар а неговиот телефон беше недостапен.
Браво.
Жал ми што станарите од мојот влез во зградата мислат а и јас им создадов лажна надеж дека од некои избрани функционери на СДСМ може да добиеме барем точна информација и ништо повеќе.
Следните 4 години ќе треба да се помириме со тоа што сме го избрале на локално ниво.
А од 2007. до денес напишав на илјада страници колумни против режимот на Груевски. Учествував во на 100 тв дебати, во кои ги застапував позициите на СДСМ, и имав чест да бидам дел од тимот што ја пишуваше програмата За живот во Македонија на СДСМ.

фб статус

Фотографија на Gjorgji Spasov.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account