Мажот ги исфрлил сопругата и ќерките од куќата во која живееле 15 години

Share Button

Со едно ќебе се покриени мајката и нејзините три ќерки. Немаат со што да се греат. Имаат греалка, но таа не работи. Фламуре Исани од Куманово, вели дека пред две седмици се развела од нејзиниот сопруг и од тој ден е исфрлана од куќата во која што живеела 15 години.

Засега тие се сместени во куќата на еден печалбар, но сепак ова е привремено. Најдоцна за еден месец ќе мора да ја напуштат и оваа куќа.

„Децата сакат да одат на училиште и да знаат каде е нивниот дом. Трите ќерки беа многу задоволни од училиштето каде што следеа настава. Тие сакат да имаат свој дом поради тоа што нема полошо отколку да бидеш сместен во туѓа куќа“, вели Исени.

Веќе две седмици, девојчињата не одат во училиште поради тоа што не знаат каде ќе живеат.

„Да децата бараат да одат на училиште, само јас знам како ми е секој ден. Не можам да ги испратам на училиште поради тоа што немаме услови, живееме во туѓа куќа. Не знам, немам избор, не знам како да ви објаснам“, со тага во очите раскажува мајката.

Надежта се уште постои за ова семејство, кое силно верува дека ќе ја почувствува убавината на подоброто утре.

Африм Јонузи- tv 21

уредник

Related Posts

Премрзнати, прегладнети, без струја и без вода на -15

Коментарите се исклучени на Премрзнати, прегладнети, без струја и без вода на -15

ВМРО-ДПМНЕ нема да одат на координација со Џафери, ќе му достават писмени барања

Коментарите се исклучени на ВМРО-ДПМНЕ нема да одат на координација со Џафери, ќе му достават писмени барања

Ивона Талевска призна дека затајувала данок, СЈО бара да ги врати парите

Коментарите се исклучени на Ивона Талевска призна дека затајувала данок, СЈО бара да ги врати парите

Животот дојде во Македонија ама поскап

Коментарите се исклучени на Животот дојде во Македонија ама поскап

Create Account



Log In Your Account