„Монструм“ почнува од почеток

Share Button

Групата судии во Врховниот суд именувана да го оцени случајот „Монструм“ по дополнителните околности кои произлегоа од прислушуваните материјали, гласаа тој повторно да се врати на ново судење во Основниот суд. За овој предлог како што дознава Алсат М гласале сите петмина судии и тоа Јово Вангеловски, Рахилка Стојановска, Ристо Катавеновски, Џемали Саити, Фаик Арслани и Шпенд Деваја.

Image result for монструм

Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот… познат во јавноста како ’Монструм’ со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување.“ – соопштија од Врховен суд

Одлуката не прецизира дали обвинетите ќе се бранат од слобода или ќе останат во притвор. Дека предметот ќе се врати на повторно судење, пред неколку недели најави обвинителката Лилјана Спасовска која го водеше овој случај. Земајќи ја како основа жалбата на одбраната и вкрстувајќи ги доказите со околностите, но и со доказите обезбедени од прислушуваните материјали, Спасовска пред неколку недели побара повисок орган да одлучи за судбината на овој предмет. Семејствата на обвинетите сега велат дека со враќањето на предметот на повторно судење во Основниот суд, се зголемуваат шансите за позитивен исход во корист на обвинетите.

Ние како семејство, особено јас како мајка, чекам да биде добро. Ние секој ден сме со него и чекаме. Оптимист сум дека нашиот син ќе биде ослободен. Многу е тешко, но јас некако го издржав ова и горда сум што синот е невин. Многу бев загрижена и секогаш ми тежеше тоа што синот лежи невин. Сепак правдата ќе излезе на виделина, еден ден се ќе се разјасни. Убедена сум дека ќе се дознае вистината.“ – изјави Ибадете Љута, мајка на Сами Љута

Знаејќи дека сме невини, секогаш се надевавме дека случајот ќе се разјасни и ќе биде позитивно… во наша корист. Го чекаме рокот, бидејќи се ближи двомесечниот рок во кој обвинителката побара случајот да се врати на повторно разгледување и двете претходни одлуки да се поништат. Ние не се мешаме во одлуката на Советот на Врховниот суд, но чекаме позитивни работи. Предметот е во Врховниот суд е од 2015, а сега сме скоро 2018…“ – рече Бедри Хајдари, роднина на осуден

За петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година доживотен затвор добија шест лица кои беа обвинети за тероризам.

уредник

Related Posts

Стоилковски: Дали Заев ангажирал за советник лице вмешано во убиство на полициски службеник и го плаќа со пари на граѓаните?

Коментарите се исклучени на Стоилковски: Дали Заев ангажирал за советник лице вмешано во убиство на полициски службеник и го плаќа со пари на граѓаните?

Во 13 часот нов голем скандал за криминалот на власта, најави Мицкоски

Коментарите се исклучени на Во 13 часот нов голем скандал за криминалот на власта, најави Мицкоски

Војник во касарната Петровец бил каменуван

Коментарите се исклучени на Војник во касарната Петровец бил каменуван

ЕКСКЛУЗИВНО:ФИЛИПЧЕ ВЕТИ , НО И ИСПОЛНА -ДОКТОРИТЕ ДОБИЈА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ ПО ОСНОВ НА ДЕЖУРСТВА

Коментарите се исклучени на ЕКСКЛУЗИВНО:ФИЛИПЧЕ ВЕТИ , НО И ИСПОЛНА -ДОКТОРИТЕ ДОБИЈА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ ПО ОСНОВ НА ДЕЖУРСТВА

Create Account



Log In Your Account