НАЈНОВО :

Моштите на Преподобна Стефанида Скадарско-Битолска и се наоѓаат во Крстоарскиот манастирот Свети Христифор крај Битола

Share Button

Oваа малку позната монахиња иако сеуште не е официјално канонизирана, верниците сепак ја сметаат за светица и голема сoвремена подвижница. Родум е од околината на Скадар. Крштеното име и било Стевка Ѓурчевиќ (Ђурчевић). Кога во 1933 година Србите биле протерани од Албанијa, се преселила на Косово. Монаштвото го примила во битолското сиропиталиште Богдај, каде и се упокоила во 1945 година, од раните задобиени од Германците.

Моштите и се наоѓаат во Крстоарскиот манастирот Свети Христифор крај Битола. Од неодамна нејзините свети мошти веќе на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско

Преп. Стефанида Скадарско Битолска – “Вие, оче, можете да знаете ако можете да верувате дека јас освен Христа немам ништо. Само многугрешниот живот го носам. Но Христос ми е милост и љубов и цел углед на животот мој. Кога се угледувам на Христовата голема мака, на Неговото долго трпење и на Неговата доброта и мудрост – веќе не ми треба ништо. Христос ми е доволен. Во мачните темни ноќи Христос ми грее како сонце. /…/ Па нека се прави што и да е на овој свет, нека се обрнува и превтува – мене никој од Христа нема да ме раздели! Мене Христе, не ми треба никој само Ти ако ме љубиш, да ме подготвиш за Себе , да ме чуваш од оваа безверност и развратност која на овој јаден свет постои /…/ О, Господи Исусе Христе, долготрпелив, мачен Сине Божји! Нека ми бидат на помош Твоите свети жалосни маки! /…/ Христе, мој жалосен Животу… немам лек без Тебе!

уредник

Related Posts

По една година откако чудотворната икона на Мајката Божја пристигна во Струмица, повторно недела свечена литија

Коментарите се исклучени на По една година откако чудотворната икона на Мајката Божја пристигна во Струмица, повторно недела свечена литија

Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

Коментарите се исклучени на Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ВО ХРАМОТ „СВ. ВМЧ-ЦА НЕДЕЛА“ ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Коментарите се исклучени на РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ВО ХРАМОТ „СВ. ВМЧ-ЦА НЕДЕЛА“ ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

НА 21 и 22 МАРТ ГОЛЕМА СВЕЧЕНА ХРАМОВА СЛАВА ,БИТОЛА ЌЕ ГИ СЛАВИ СВЕТИТЕ 40 МАЧЕНИЦИ НА КРКАРДАШ

Коментарите се исклучени на НА 21 и 22 МАРТ ГОЛЕМА СВЕЧЕНА ХРАМОВА СЛАВА ,БИТОЛА ЌЕ ГИ СЛАВИ СВЕТИТЕ 40 МАЧЕНИЦИ НА КРКАРДАШ

Create Account



Log In Your Account