Собранието денеска ќе избира нов јавен обвинител

Share Button

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска Љубомир Јовески треба да биде именуван за нов државен јавен обвинител, на предлог на Владата. Владата на 7 ноември му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, актуелен член на Советот на јавни обвинители.

На огласот што го распиша Владата на 14 септември за државен јавен обвинител се пријавија 23 кандидати. По пријавувањето на кандидатите, Советот на јавните обвинители, на барање на Владата, ѝ достави образложено мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите. Мислењето на Советот е обврзувачко за Владата, која пак предложените кандидати ги доставува до Собранието.

Јовески (63) повеќе од 15 години работел како судија по кривични предмети, а во еден мандат раководел со Основниот суд Скопје 2, а има и работно искуство од над 12 години како јавен обвинител и седум години во облата на извршување на кривичните санкции. Во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител, а од 2015 година е член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

По разрешувањето на Марко Зврлевски на 17 август, функцијата јавен обвинител ја извршуваше Лилјана Спасевска.

Освен изборот на јавен обвинител пратениците денеска ќе расправаат и за измените на Законот за заштита на сведоци, што ги бараше Специјалното јавно обвинителство, со кои на ова обвинителство треба да му се овозможи да одлучува кој ќе биде заштитен сведок во постапките што се под негова надлежност.

Исто така, ќе се расправа и за измените на Законот за Судскиот совет, за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување, за Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и за измените на Законот за акцизите, сите по скратена постапка.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account