Владиката Наум: Најприродно е БПЦ да биде наша мајка црква, за да не заштитува

Share Button

Голема лага е дека Вселенскиот Патријарх веднаш ќе го прекине евхаристиското сослужување со БПЦ доколку БПЦ влезе во евхаристиско сослужување со МПЦ-ОА, пишува митрополитот Наум во анализата објавена во бугарската агенција БГНЕС, а пренесува порталот МКД. Еден ден пред БПЦ да го разгледува писмото од МПЦ и барањето таа да стане нејзина мајка-Црква, тој ја објаснува врската меѓу БПЦ и МПЦ-ОА.

-Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како „мајка Црква“, како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, е барање кое со години наназад го слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и потребно, затоа што некоја Црква и така мора да се јави како „мајка Црква“, која ќе нѐ извлече од изолацијата што ни е наметната од СПЦ и која, потоа ќе нѐ заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви; а најприродно тоа може да биде само БПЦ. „Мајка Црква“ не е толку заедничко минато, колку што е заедничка иднина во Богочовекот Христос. „Мајка Црква“ е љубов“, пишува владиката Наум.

Тој објаснува дека од моментот кога БПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, двете Цркви стануваат „сестрински Цркви“, што значи дека ќе бидат рамноправни, но улогата на БПЦ како „мајка Црква“ тука не престанува во однос на другите православни цркви – БПЦ и натаму ја има честа, пред Бог, да нѐ заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви сѐ додека МПЦ не го добие „томосот за автокефалност“ од Вселенскиот Патријарх.

уредник

Related Posts

Латас повторно не се појави на суд

Коментарите се исклучени на Латас повторно не се појави на суд

Вчера отворен ден на АРМ на плоштадот „Македонија“- фотогалерија и видео на новост.мк

Коментарите се исклучени на Вчера отворен ден на АРМ на плоштадот „Македонија“- фотогалерија и видео на новост.мк

Create Account



Log In Your Account