ВМРО-ДПМНЕ најави голем протест наредната недела против сите неправди!Пуштањето на Темелко од Шутка е заедничка победа

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Република Македонија во 21-виот век се случува политички прогон. Политички прогон на оние кои што мислат, и чувствуваат поинаку, на оние кои што имаат различни политички убедувања.

Почитувани,

За жал имаме ситуација во која што Македонија за само неколку месеци се врати во 1995-та година. Секој ден во главниот град Скопје има убиство, има убиства во Чаир кои што се нерасветлени, убиство во Аеродром кое што е нерасветлено, секој ден пљачки и разбојништва. Секој ден претепувања, секој ден небезбедност на граѓаните. Секој ден има запалени автомобили, пљачкање на банки. И едноставно имаме ситуација во која што мафијата царува, а Македонија е вратена во 1995-та година.

Се создаде атмосфера на страв, атмосфера на страв се создаде кај медиумите, атмосфера на страв се создаде во судството, атмосфера на страв во нашите улици и нашите маала. Атмосфера на страв помеѓу младите во ситуација во која што рациите со долго оружје, со автоматски пушки се буквално секојдневие кое што се случува во Македонија.

Почитувани,

Тоа е атмосферата во која што 60 дена наназад Едмонд Темелко беше осуден на притвор. Тоа се 60 долги денови во кои што се вршеше тортура врз Едмонд Темелко затоа што станува збор за активист за човекови права, борец за македонските интереси. Единствен градоначалник надвор од територијата на Република Македонија, единствен градоначалник Македонец. Во таа атмосфера на страв на Едмонд Темелко ден по ден, рочиште по рочиште му беше продолжувано мерката притвор.

Почитувани,

Во оваа заробена држава Македонија, во која што царуваат убиствата во главниот град, рациите, несигурноста. Во петокот, пред само два дена на Едмонд Темелко му беше продолжен притворот за дополнителни 30 дена. ВМРО-ДПМНЕ најави протест, ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ќе се спротивстави на неправдата, ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе ја пренесе македонската порака за слобода и ослободување на Едмонд Темелко.

И гледајте како одеднаш се менуваат работите, гледајте како одеднаш се менуваат одлуките. Истите оние кои што на болниот, на оневозможениот Едмонд Темелко во петок му прогласи уште 30 дена притвор, денес за неколку часа откако најавивме протест за Едмонд Темелко, откако јавноста се возбуди, истите оние кои што во петокот, пред два дена го изгласаа уште 30 дена притвор на Едмонд Темелко, денес велат оди во домашен притвор.

Тоа е добро за Едмонд Темелко но не е доволно. Едмонд Темелко треба да биде слободен. Едмонд Темелко треба да биде меѓу своите гласачи. Едмонд Темелко треба да биде кај своето семејство. И Едмонд Темелко треба да биде кај народот кој што го изгласал за градоначалник. Едмонд Темелко го бираа граѓаните на Мала Преспа и на Пустец. Едмонд Темелко го бираше македонскиот народ и граѓаните на Република Албанија и го избраа да биде градоначалник, а не да биде политички затвореник во Македонија.

Уште еднаш, оние кои што после 60 дена тортура, после 60 дена зандана за болен човек, за изнемоштен човек кој што не може врвките да си ги врзе, човек кој што едвај се движи, речиси не може од кревет да стане. Истите тие кои што во петокот му изгласаа уште 30 дена тортура и притвор, денес откако се најави протестот, откако се размрда Македонија, откако Македонија кажа дека ќе дојде да протестира одеднаш рекоа дека Едмонд Темелко ќе оди во домашен притвор.

Не е доволно, местото на Едмонд Темелко  е меѓу оној народ кој што го гласал во општината во која што добил доверба да ја раководи. Едмонд Темелко е  личност која што е борец за човекови права. Едмонд Темелко е македонски  активист од почетокот на 21 век. Едмонд Темелко и неговото име во децениите кои што доаѓаат, македонскиот народ ќе ги спомнува како избрано лице и како еден во долгата плејада на македонски активисти за права на Македонците и македонската кауза.

Почитувани

Борбата продолжува, не застанува тука.

Изразуваме голема благодарност  до илјадници и илјадници луѓе кои што беа подготвени да дојдат на денешниот протест за ослободување на Едмонд Темелко. На денешниот протест против тортурата, заробувањето и односот кон Едмонд Темелко.

Но борбата против неправдата не сопира тука. Ова денес како резултат на најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ е само почеток. Нашата борба продолжува и затоа наредните денови граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност своето несогласување со неправдите.

Поради ослободувањето, односно домашниот притвор, денешниот протест кој што беше најавен за 19 часот се откажува. На Едмонд Темелко ќе му честитаме и ќе му посакаме добро здравје. Но продолжува и неговата борба за слобода. Продолжува и борбата за слобода на заробената држава Македонија во која што царува мафијата, во која што луѓе секојдневно се убиваат, во која што цели бизниси се рекетираат, во која што автомобилите секојдневно се палат.

Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ најавува граѓански протест за правда и правдини кој што ќе се одржи на 3-ти декември во недела во 18 часот. Идниот викенд  дојдете во Скопје да се протестира за правда, да се протестира за праведност, да се протестира за човекови права, да се протестира и да се крене глас дека Македонија нема да биде заробена држава, туку Македонија ќе биде слободна држава. Дека Македонија ќе биде држава во која што се почитуваат човековите права и Македонија постепено секојдневно, секој ден, секоја недела, секој месец  постепено ќе го крева гласот за оваа лакрдија која што и се случува.

26 ноември, 2017 – 17:14

Напишете коментар