Во Скопје најавена акција за помош со облека на сиромашните – На секој му треба топлина!

Ајде да помогнеме! Идат зисмки денови и има луѓе на кои можеме да им помогнеме! Идејата е на 4,5 и 6 Декември од 13 часот до 18 часот да ги собереме јакните кои не ни се потребни нам – но на некој друг живот му значат – и да ги ставиме низ центарот и околината на Скопје – за да може секој на кој му треба топлина да се згрее во овие студени ноќи и денови. Сите вие кои сакате да ги донирате вашите јакни може да го сторите тоа во определените денови. Ајде дечки можеме ние да го направиме ова! И секој кој сака да се приклучи и да помогне е добредојден! Се зависи од бројот на јакните кои ќе бидат соберени. Дел ќе се остават низ Скопје за да можат да ги земат луѓето кои што не се во можност да дојдат до пунктовите и луѓето кои се на улиците како и социјално загрозените. Дел лично ќе ги поделиме на бездомниците, а останатите ќе ги однесеме на пунктовите каде што веќе се собираат донации, за луѓето на кои што им се потребни.
Другари вие што не сте во можност да присуствувате во одредените денови, слободно може да го направите истото на своја рака во својата општина. Закачете ја својата јакна на било кое дрво – сигурно ќе се најде некој на кого му е потребна топлина!- стои во објавата на фб за која е создаден и настан

Неодамна и во Бугарија беше реализирана ваква хуманитарна акција за помош на најсиромашните

Фотографија на Vladanka Dimkovska.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account