Го прободел со нож, го врзал со јаже и го оставил на пат

Share Button

Во 21 часот и 15 минути во Полициската станица Струга, 28-годишниот И.М. пријавил дека истиот ден околу 20 часот, позади „Пензионерскиот дом“-Струга, со патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки кое е на неговата сестра, а го управувал М.Н. кога пристигнале и излегле од возилото, М.Н. ненадејно со нож го прободел во пределот на десната страна на грбот, по што И.М. паднал на земја.

Тогаш, М.Н. со јаже му ги врзал нозете, му го одзел возилото и заминал во непознат правец. По околу 20 минути И.М. успеал да се одврзе и отишол во еден угостителски објект, од каде со лицето Ј.М. се упатиле во Медицински центар Струга.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Напишете коментар