И ОФИЦИЈАЛНО – ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА

Share Button

Собранието на Република Македонија ги донесе измените на законот за акцизите со кои дизелот и нафтата за греење од 1 јануари 2018 година ќе поскапат за 3,54 денари, заедно со пресметаниот ДДВ.

Според законот, акцизата за дизелот се зголемува од постоечките 12,121 на 15,121 денари по литар, а на црвената нафта од 3,136 на 6,136 денари по литар. Според владата на Република Македонија која е поднесувач на измените за законот за акцизи, нивната цел е да се придонесе кон намалување на загадувањето кое го предизвикуваат овие горива и со тоа да се влијае и на свеста на населението да користат горива кои што помалку загадуваат.

Цел исто така е да се намали разликата во висината на акцизата помеѓу дизел горивото и бензинот по примерот на европските земји.

Проценето е дека со овие измени буџетот на државава ќе се здебели за 1,95 милијарди денари денари, односно 31,6 милиони евра.

Акцизите за бензинот, авиобензинот, течниот нафтен гас и керозинот останува исти – 21,692, 24,396, 4,900 односно 9,000 денари.

уредник

Related Posts

Агатангел за законот за јазиците

Коментарите се исклучени на Агатангел за законот за јазиците

Create Account



Log In Your Account