Среќен и исполнет човек не повредува, не критикува, туку ве прифаќа такви какви што сте

Share Button

Туѓото мислење е туѓо!!!

Си живееле еднаш многу оддамна еден брачен пар кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре.
Еден ден мажот и жената решиле малку да патуваат, да работат и така да го запознаат светот па тргнале на пат. Кога дошле во првото село, селаните почнале да зборуваат:
– Видете го ова невоспитано момче. Тоа го јавнало магарето, а неговите сироти родители одат пеш.
Жената кога слушнала што зборуваат луѓето му рекла на мажот:
– Не смееме да дозволиме луѓето толку лошо да зборуваат за нашиот син. Мажот ја послушал жена му го симнал детето и самиот го јавнал магарето. Кога стигнале во другото село луѓето мрмореле:
– Како не му е срам на овој човек кога дозволува жена му и детето да го водат магарето, а тој да седи качен на него. Видел невидел човекот, одлучил жена му да го јава магарето, а тој и син му да го водат. Така стигнале во третото село каде луѓето повторно почнале да коментираат:
– Сирот човек! Цел ден работел, а жена му седнала на магарето. И сирото дете! Којзнае што го чека со таква мајка. Кога ги чуле коментарите на селаните, мажот и жената решиле сите тројца да се качат на магарето и така да го продолжат патот.
Кога стигнале во следното село ги чуле мештаните како коментираат дека на сиротото магаре ќе му пукне кичмата од преголема тежина. Засрамени од коментарите на мештаните, сите тројца се симанале од магарето и одлучиле да пешачат покрај него. Кога проаѓале низ следното село, не можеле да им поверуваат на коментарите на мештаните кои им се смееле:
– Погледнете ги само овие три будали… одат пешки, а имаат магаре кое би можело да ги носи.

Фотографија на Магични приказни.

Поука: Луѓето секогаш ќе критикувааат. Ако вашиот живот е исполнет, нема да имате време да се занимавате со туѓите животи. Ако сакате сите да ве прифатат и сите да ве сакаат тогаш вашата среќа е во туѓи раце. И тогаш вашата среќа и радост ќе зависи од тоа што ќе кажат другите. Така никогаш нема да бидете среќни, бидејќи среќата не доаѓа од надвор, среќата доаѓа од себе. Ако си ја знаеш својата вредност и знаеш што сакаш од животот, не ти треба одобрување од другите. Се додека ви треба одобрување од другите вие се уште не знаете кој сте и што сакате од животот. Што ќе се случи ако ве прифатат повеќе луѓе, но само еден не, вие повторно ќе паднете и тој еден ќе допре до вас. Затоа мора да знаете дека секогаш некој ќе ве осудува, критикува, повредува и покрај тоа што ќе го правите најдоброто што го знаете. Оние кои не повредуваат и самите биле повредени.

Среќен и исполнет човек не повредува, не критикува, туку ве прифаќа такви какви што сте. Доколку работите на себе, се повеќе ќе ги разберете луѓето кои осудуваат и се повеќе ќе имате љубов за нив.

Најважно е да ја разберете причината поради која тие тоа го прават, и дека тие осуди немаат ништо со вас, имаат исклучиво со нив. Она што треба да го направите е да бидете тоа што сакате да бидете и да стоите позади вашите избори.

Затоа што ТУЃОТО МИСЛЕЊЕ Е ТУЃО!!!

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account