Утре се празнува: Свети Григориј Палама, архиепископ Солунски

Share Button

Татко му на Григориј беше висок чиновник на дворецот на царот Андроник II Палеолог. Откако надарениот Григориј ги изучи светските науки не сакаше да се зафати со служба на дворецот, но замина на Света Гора и се замонаши. Се подвизуваше во Ватопед и во Лаврата. Водеше борба со еретикот Варлам и најпосле го победи. Беше посветен за митрополит Солунски во 1347 година.

Фотографија на Православен Календар.

Се прослави и како подвижник и како богослов, и како јерарх и како чудотворец. Му се јавуваа наизменично: Пресвета Богородица, Св. Јован Богослов, Св. Димитриј, Св. Антониј Велики, Св. Јован Златоуст, ангелите Божји.

Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија.

Се упокои мирно во 1360 година.

Моштите му почиваат во Солун, во прекрасната црква што му е посветена.

Напишете коментар