Share Button

Додека новите градоначалници ги изнесуваат своите идеи како ќе се борат со загадувањето, тоа веќе ја добива битката – на сликите што ги гледате е покажано она што го дишевме вчера вечер. Зборот воздух намерно не го користиме затоа што во мешавината загадувачки елементи тој е во малцинство.

Според апаратурата на министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, синоќа најкритично беше во Лисиче каде се измерени 470 µg/m³ суспендирани ПМ10 честички, но многу подобро не беше ни во Куманово (313), Кавадарци (275), Карпош (253), Битола (252), Ректорат (234), Тетово…

Само Лазарополе со своите 2 µg/m³ суспендирани ПМ10 честички докажуваше дека во Македонија постои и воздух што може да се дише.

Напишете коментар