Апелацискиот суд денеска ќе одлучува дали видеоснимките на Јутјуб за „Поткуп“ може да бидат доказ

Share Button

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутjуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп”
Апелацискиот суд денеска ќе одлучува дали видеоснимките на Јутјуб за „Поткуп“ може да бидат доказ

Адвокатите на првообвинетиот во овој случај Зоран Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите, бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд.

На денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје адвокатскиот тим на Заев ќе треба да ги образложат фактите зошто  бараат снимките објавени на Јутјуб кои се дел од постапката за случајот „Поткуп“ да не се прифатат како доказ.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Следното судско рочиште за „Поткуп“ во Кривичниот суд е закажано за 25 декември.

уредник

Related Posts

В недела, ВМРО – ДПМНЕ цела Македонија ја повика во Битола на протестен марш

Коментарите се исклучени на В недела, ВМРО – ДПМНЕ цела Македонија ја повика во Битола на протестен марш

Create Account



Log In Your Account