БПЦ денеска ќе го разгледува писмото од МПЦ-ОА

Светиот синод на БПЦ денеска треба да го разгледува писмото што на 9 ноември му го упати Синодот на МПЦ-ОА, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.

Според најавите на бугарските владици, не се очекува брз одговор на БПЦ, туку ќе биде формирана комисија која ќе треба да ги информира останатите православни цркви и да го слушне нивното мислење за барањето на МПЦ-ОА.

Бугарскиот патријарх Неофит минатата недела на средба со претседателот Румен Радев најави дека има добра волја во Бугарската црква за позитивно решение. Патријархот Неофит, како што пренесоа бугарските медиуми, го уверил Радев дека Бугарската патријаршија има добра волја да бара начини за позитивно решение. Бугарскиот патријарх и претседателот се согласиле и дека бугарската држава и црква се обединети во желбата да се развиваат и продлабочуваат односите меѓу Бугарија и Македонија. Во тој контекст оцениле и дека потпишаниот билатерален договор за пријателство, ќе ја зајакне меѓусебната доверба и соработка.

И премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на средбата во Струмица во четвртокот изразија надеж дека ќе се најде решение. Како што нагласија, почитувајќи го секуларниот карактер на двете држави и без да се мешаат во работата и соработката на МПЦ и БПЦ, ги охрабруваат да се изнајде решение во духот на добрососедството и пријателството.
Дека, сепак, не треба да се очекува брзо решение и одговор од БПЦ, најави митрополитот Варненски и Великопреславски Јован.
– Прашањето за Македонската црква е сериозна тема што треба одговорно и канонски да се разгледува. Тоа мора да биде решено на многу одговорен начин, при што ќе се почитува и православниот каконски ред. Брзите решенија никогаш не се добри,  изјави владиката Јован.
Писмото на МПЦ-ОА се очекува да биде тема и на средбите што ќе ги има бугарскиот патријарх Неофит за време на претстојната посета на Москва од 1 до 8 декември.
Струмичкиот митрополит Наум, пак, вчера уште еднаш ја повика БПЦ да не ја пропушти шансата што сега ја има и да го прифати барањето на МПЦ-ОА.
– Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како „мајка Црква“, како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, е барање кое со години наназад го слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и потребно, затоа што некоја Црква и така мора да се јави како „мајка Црква“, која ќе не извлече од изолацијата што ни е наметната од СПЦ и која, потоа ќе не заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви; а најприродно тоа може да биде само БПЦ, истакнува владиката Наум во анализа бугарски БГНЕС.

Според него, воспоставување на евхаристиската заедница меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е природна последица дури и на „Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија“ и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои се стреми Македонија со помош на Бугарија.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account