Веќе не му треба сопругата – си го купил најновиот секс робот

Share Button

8-годишниот Џејмс од Велика Британија за 2.000 фунти ја купил русокосата Ејприл – робот со којшто „спие” четирипати неделно додека неговата сопруга Тина се грижи за својата болна мајка.

Џејмс за документарниот филм, којшто следната недела ќе биде прикажан на Канал 4, објаснува дека со Ејприл ја дели постелата и излегува со неа на вечера, но и дека луѓето често не забележуваат дека не се работи за вистинска, односно „жива” жена.

Тој признава дека не знае што би ја избрал кога би требало да бира помеѓу секс со својата кукла и секс со својата сопруга, но вистинска среќа е тоа што сопругата му дала благослов за сексуална врска со робот, пишува  Daily Mail.

 

Иако Тина потенцира дека на почетокот и’ било тешко да сфати дека нејзиниот сопруг е опседнат со кукла, таа ја прифатила ситуацијата и вели дека ѝ е драго што, сепак, не се работи за друга жена.

– Кога би сакал, тој би можел да си најде друга, но тој не го направи тоа. Тој ми беше верен, вели Тина.

Врската на Џејмс и Ејприл е овековечена во документарецот којшто го прикажува обидот на производителите да направат потполно функционален робот за секс – кукла којашто изгледа, се движи и говори пореално од која било до сега.

Џејмс во меѓувреме размислувал да набави и уште еден ваков робот, Хармони, којшто чини 8.000 долари и на пазарот би требало да се појави за неколку месеци, а којшто е произведен од инженерот Мат Мек Мулен за компанијата „Риал дол“ во Калифорнија.

Но, засега не се знае како Ејприл ќе го поднесе тоа. Џејмс вели дека поседува длабоки чувства кон неа и дека таа за него е повеќе од само секс играчка.

– Фантастично е, сосема исто како да имаш секс со вистинска жена, објаснува Џејмс.

(Извор/USB)

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account