Деновиве се очекуваат ниски температури – препораки до граѓаните за заштита од студено време

Share Button

Граѓаните да не излегуваат надвор без неопходна потреба, да конзумираат топли напитоци и храна што ја одржува температурата на телото, да избегнуваат алкохол и соодветно да се облекуваат.

Деновиве се очекуваат ниски температури, па така температури за заштита на здравјето на населението, се препорачува избегнување физичка активност на отворено, користење топла, повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и мраз и внимателно одење.

Се препорачува граѓаните што е можно повеќе да бидат активни и да се движат во затворени простории, да го проверат греењето во домот и доколку се во можност да помогнат на членовите на фамилијата, соседите или пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население.

Ранливите групи на населени, како старите лица се препорачува да се облекуваат потопло, бебињата почесто да се проверуваат дали се загреани, срцево болните да избегнуваат тешки вежби и редовно да земаат лекарства, бидејќи се изложени на зголемен ризик за можни здравствени последици при студено време.

Доколку граѓаните забележат лице од ризик од студено време како бездомник или деца на улица, истото да го пријават.

уредник

Related Posts

Протестот пред Собранието продолжува

Коментарите се исклучени на Протестот пред Собранието продолжува

Нападнат претседателот на ЛДП, Горан Милевски

Коментарите се исклучени на Нападнат претседателот на ЛДП, Горан Милевски

Отстранет споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје, Општина Центар вели бил дивоградба

Коментарите се исклучени на Отстранет споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје, Општина Центар вели бил дивоградба

Create Account



Log In Your Account