МИТРОПОЛИТОТ АГАТАНГЕЛ ИЗНЕНАДЕН ОД СООПШТЕНИЕТО НА МПЦ-ОА: СИНОДОТ ЗА ОВА НЕ ЗАСЕДАВАЛ

Владиката Агатангел со писмена реакција на писмото на МПЦ – ОА, со кое се заблагодарува на БПЦ. Митрополитот смета дека со формирањето комисија до недоглед се одложува решавањето на црковниот статус на МПЦ-ОА. Во писмото на владиката Агатангел е наведено: По повод Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на БПЦ – Бугарска патријаршија, а во врска со признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА, би сакал да Ве информирам дека сум изненаден од веста дека постои Соопштение на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – ОА не заседавал по ова прашање и јас како еден од владиците не сум запознат за тоа кој ја соопшти оваа вест дека нашиот Синод и благодари на БПЦ за нивната одлука и решение дека тие ќе формирале комисија за преговори со другите помесни православни цркви за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Формирањето на Комисија може да го одложува решавањето на нашиот црковен статус до недоглед. По нашето писмо кое го доставивме до БПЦ, а кое не беше едногласно прифатено од Светиот Синод на МПЦ-ОА како краен резултат еве денес што добивме како решение. БПЦ сега се претставува и прифаќа да биде мајка – црква, без притоа да има каква било обврска кон нашиот автокефален статус што е уште една навреда кон МПЦ-ОА, кон македонскиот народ, кон македонската нација. Дозволуваме еден човек кој се прави, побожен, а е длабоко навлезен во „прелест“, да ја заблудува целата македонска јавност. Но Господ Исус Христос, Мајката Божја Богородица, Светиот Апостол Павле, Светиот Климент Охридски и новиот наш светител Свети Гаврил Велички кои се постојани молитвеници пред Престолот Божји – тие ја чуваат Македонија и ќе ја заштитат МПЦ-ОА од сите наезди кои доаѓаат и од црковниот и од државниот врв, се наведува во писмената реакција на владиката Агатангел.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account